• Latest

Ковачевски: Нека стане Западен Балкан – Отворен Балкан!

June 8, 2022
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ковачевски: Нека стане Западен Балкан – Отворен Балкан!

June 8, 2022 16:13
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Ми беше задоволство да бидам домаќин на овој продуктивен настан кој верувам дека носи нов позитивен пресврт за регионот. Охрид не обедини за заедничко добро на нашите народи.

Упатувам големо благодарам на сите лидери што дојдоа и што поведоа свои делегации, но и на сите учесници и гости кои придонесоа со свои идеи кон создавањето нови проекти за регионално поврзување во рамки на Отворен Балкан, изјави премиерот Димитар Ковачевски на прес конференцијата по завршетокот на Самитот „Отворен Балкан“, што се одржа денеска во Охрид.

Сакам силно да се заблагодарам за поддршката што и овој пат ја добиваме од стопанските комори и од меѓународната заедница.

Имаме јасни пораки и од САД и од ЕУ. Нивната поддршка е директна и силна. Такви се и нашите напори за да го европеизираме регионот. Директно и силно работиме на европски стандарди, на економски развој, на подобар живот за нашите граѓани. Затоа Отворен Балкан има конкретни резултати и затоа земјите од регионот мора да станат членки на ЕУ.

Денеска овде во Охрид отвораме нови поглавје на соработка во областите култура и туризам.

Час поскоро, нашите граѓани од “Отворен Балкан“ да почувствуваат нови економски и други бенефити. Може тоа да биде убав одмор во Саранда, Охрид или Копаоник. По поволни услови, со прилагодени цени. Може да бидат нови поволности и олеснувања за побрз проток на стоките кои фирмите треба да ги увезат или извезат. Побрз проток на нашите граѓани.

Еве денес ќе најавам дека претпијатијата од трите наши држави кои ги управуваат патарините работат на поврзување на системите за електронска наплата на патарина. Тоа значи дека граѓанин од Србија со ТАГ за електронска напалата на своето возило ќе може без застанување да помине и на македонска и албанска патарина – системот ќе го препознае и рампата на патарина сама ќе се крене, со електронска наплата. Така ќе ги намалиме гужвите по автопатите и патарините, а граѓаните побрзо ќе стигнат до крајната дестинација.

Веќе се подготвуваме за саемот на вино, храна и туризам во Белград во септември. Ќе презентираме сериозен обем на македонски производи таму – нашите сортни вина и македонската храна ќе ги доближиме до регионот и светот. И конечно, се договоривме дека заедно ќе се справуваме со економската криза и недостатокот од храна и енергија.

Го сметам овој самит за позитивен пресврт бидејќи за прв пат и Црна Гора и БиХ и цела меѓународна заедница, сите ние сме на едно место, со заедничко разбирање за иднината на Западен Балкан.

Ако се разбираме, нема зошто да не успееме.

Се разбираме, се помагаме и ќе успееме.

Нека стане Западен Балкан – Отворен Балкан, порача Ковачевски.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ