Да се одржи ветото за Cеверна Македонија во согласност со рамката усвоена од ЗНД и да се обезбеди функционирање на државата, побара бугарскиот претседател Румен Радев во изјава за медиумите , пренесува БНТ.
Политичката криза е факт. Но, за разлика од претходните кризи, оваа се одвива во услови на прогресивна инфлација, социјална, економска и прехранбена криза предизвикана од војната во Украина. Партиите застапени во парламентот мора што поскоро да најдат излез од ситуацијата, бидејќи ни треба одговорно и одржливо владеење. Додека партиите бараат формирање на владејачко мнозинство, владата мора да обезбеди социјални плаќања и поддршка за бизнисот. Да се одржи ветото за Pепублика Cеверна Mакедонија во согласност со рамката усвоена од ЗНД и да се обезбеди функционирање на државатат, изјави Радев на на отворањето на меѓународниот форум „Зелен договор – иновации, инвестиции и фер транзиција“, настан кој ги обединува претставници на институции, европски и бугарски водечки експерти, како и претставници на бизнисот и невладиниот сектор.
Д.Мишев












