• Latest

Престанете со трка по политички поени и санирајте ги последиците од поројниот дожд!

August 7, 2016
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Престанете со трка по политички поени и санирајте ги последиците од поројниот дожд!

August 7, 2016 15:07
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода упатува сочувство до семејствата на загинатите и на сите настрадани од синоќешниот пороен дожд и големото невреме. ЦИВИЛ повикува и на итна реакција и на солидарност на граѓанките и граѓаните за помош на семејствата на загинатите, повредените и на сите кои претрпеа штети.

Катаклизмичните сцени од улиците на македонската престолнина треба и мора да бидат последно предупредување за освестување, за запирање на неконтролираното градење, на расфрлувањето на стотиците милиони евра за „барок“, и конечно, за вистински (градежни, а не предизборни) зафати во проширување на атмосферската канализација, како и за чистење на каналите и други неопходни инфраструктурни зафати кои претпоставуваат и санација од штетите претрпени од криминалниот проект Скопје 2014.

Воедно, ЦИВИЛ ги повикува сите надлежни државни и градски институциите да се мобилизраат и да зафатат со работа, зашто ситуацијата налага ублажување на последиците на долгогодишното неработење и непродуктивно трошење на огромни средства, и во исчекување на нови дождови, никому не му е потребно добивање на политички поени! Релевантните институции мора да изработат и да спроведат планови за превенција од временска непогода. Со оглед на тоа како (не) реагираат на еден посилен пороен дожд, може да се заклучи дека ни оддалеку не се подготвени за посериозни природни катастрофи, како што беше земјотресот во 1963 година.

Да се вложеа средства во инфраструктурата, наместо да се уништува речното корито на реката Вардар со изградба на „галии“ и други лудории, можеше барем дел од жртвите и штетите да бидат избегнати! Даночните обврзници очекуваат дека во 21 век, во Европа, нема во главниот град, каков и да е пороен дожд, да предизвикува вакви жртви и штети.

Tags: катастрофаневремеполитикапревенцијасанацијаСкопје 2014
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ