• Latest

Тренчевска од Рим:  Преку економски и социјални политики го подобруваме квалитетот на живот на старите лица

June 16, 2022

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Тренчевска од Рим:  Преку економски и социјални политики го подобруваме квалитетот на живот на старите лица

June 16, 2022 14:43
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска учествува на дводневна министерска конференција во Рим, Италија, во организација на УНЕЦЕ, Постојаната работна група за стареење на УНЕЦЕ и Владата на Италија, информираат од Министерството за труд и социјална политика

Министерката Тренчевска денеска  учествуваше на  панел дискусијата на сесијата организирана од Владата на Бугарија и Регионалната канцеларија на Фондот за население на ОН (УНФПА), на тема „Зајакнување на демографската отпорност преку искористување на можностите од стареењето на населението“.

 Во своето излагање министерката се осврна на социјалните и економски политики кои држава ги реализира, а имаат за цел подобрување на квалитетот на живот на старите лица.

„Како Влада и како министерство, грижата за највозрасната категорија на граѓани е наш приоритет и одговорност. Тоа се рефлектира низ носење на нови законски решенија, мерки и социјални услуги со кои придонесуваме во подобрување на квалитетот на живот на старите лица“, рече Тренчевска.

 Во таа насока таа ја посочи измените во Законот за пензиското и инвалидското осигурување, со кои се воведе нова методологија на усогласување на пензијата преку комбиниран модел од 50% пораст на просечната плата и 50% пораст на трошоци на живот. Според првичните анализи, усогласувањето ќе придонесе кон раст на пензиите над 6% и ќе придонесе кон подобро усогласување на висината на пензиите со трошоците за живот. Покрај новата методологија во време на криза беше обезбедена и финансиска поддршка во период од три месеци, за околу 330.000 пензионери.

 Министерката зборуваше и за процесот на децентрализација преку кој социјалните услуги се приближуваат до граѓаните во нивното место на живеење. Со посебен акцент на старите и изнемоштени лица и лицата кои не можат да се грижат сами за себе, при што е обезбедена  помош и поддршка во секојдневните обврски, околу одржување на домаќинството, помош во лична хигиена и медицинска нега од страна на негователи.

 „Во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги, финансиран со заем од Светска Банка, Министерството за труд и социјална политика во со првиот јавен повик од 2019 упатен до општините за аплицирање за грант за развој на социјални услуги има склучено договори со 22 општини и 15 даватели на услуги за 22 под-проекти од кои 16 се насочени кон развој на социјални услуги за стари лица и тоа 15 за услугата помош и нега во домот и 1 за услугата дневен престој со активно стареење,“ информираше Тренчевска.

 Таа посочи дека, во соработка со УНФПА, министерството е во процес на планирање на нова фаза на мерки со кои ќе се адресираат демографските предизвици и ќе се зајакнат капацитетите на институциите да носат мерки и политики со кои ќе се поддржи пристапот до права и квалитетни услуги за граѓаните од сите возрасти.

 „За креаторите на политики, здравото стареење подразбира холистички пристап кон градењето политики кои овозможуваат пристап до права и квалитетни услуги, овозможување еднакви животни можности, поддршка на култура на здраво живеење, поддршка за остварување на посакуваната големина на семејство и поддршка на семејствата, за развивање и ефектуирање на човечкиот потенцијал на лицата од различни возрасти,“ порача Тренчевска.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ