• Latest

Борел: Војната на Русија против Украина е напад врз темелите на ОН, неутралноста значи да се биде на страната со агресорот

June 16, 2022

Златна виза за пропаганда: И Латас се вклучи во дезинформациската кампања против Заев и Филипче

May 14, 2025

24 ЧАСА: ВМРО ДПМНЕ не го поддржа предлогот за помош на жртвите од Кочани; Вестминистерски сојуз за Украина – конкретни чекори за поддршка на Украина; Убиецот од Бит Пазар познат на МВР; британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ

May 14, 2025

Вестминистерски сојуз за Украина: Конкретни чекори за зајакнување на поддршката за Украина

May 14, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за БЛАГОДАРНИЦИТЕ на Тошковски

May 14, 2025

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ не го поддржаа предлогот на СДСМ за помош на жртвите од трагедијата во Кочани

May 14, 2025

Нескршливоста на Украинците

May 14, 2025

Истражување: Половина од женските организации кои помагаат на жени во кризни ситуации може да се затворат за шест месеци поради глобални намалувања на помошта

May 14, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Европските лидери му ја честитаат големата изборна победа на Рама; Косовската претседателка ги покани партиските лидери на консултации

May 14, 2025

ЕБОР ја одобри новата петгодишна стратегија за Северна Македонија

May 14, 2025
Фотомонтажа: Х на Христијан Мицкоски/ скриншот од bi/org

Иднината на земјата меѓу гробницата на Александар и младите луѓе

May 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Борел: Војната на Русија против Украина е напад врз темелите на ОН, неутралноста значи да се биде на страната со агресорот

June 16, 2022 21:55
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел денеска пред Советот за безбедност на ОН изјави дека руската војна против Украина е напад врз темелите на светскиот поредок и дека неутралноста во тој конфликт значи поддршка за агресорот.

Борел преку видеоврска истакна дека Русија води војна против Украина на европско тло, но дека тоа не е европска војна, туку „напад врз темелите на ОН и Советот за безбедност, од нејзината постојана членка“.

– При агресија, никој не може да биде неутрален. Да се ​​биде неутрален во овој случај значи да се биде на страната на агресорот. Никој не може да живее безбедно во свет каде што незаконската употреба на сила е нормализирана или толерирана, оцени Борел.

Тој рече дека руската војна против Украина веќе остави десетици илјади мртви и над пет милиони бегалци, предизвикувајќи ја најбрзо растечката бегалска криза од Втората светска војна.

– Оваа војна испраќа бранови низ светот. А тоа води кон веќе постоечката криза со храна поради приносите што веќе трпат поради климатските промени, рече шефот на европската дипломатија.

Светската програма за храна проценува дека бројот на луѓе без безбеден пристап до храна е двојно зголемен од 135 милиони пред пандемијата на 276 милиони на почетокот на 2022 година, а тој број ќе се зголеми на 323 милиони поради војната.

– Ве повикувам сите да помогнете да се стави крај на војната, да се врати суверенитетот на Украина и да се погрижиме глобалните последици да се спречат, особено растечката криза со храна, рече Борел.

Тој изјави дека Русија во моментов блокира најмалку 20 милиони тони украинско жито што не може да стигне до светските пазари. – Тоа е еквивалент на 300 масивни бродови што треба да се вкотват во пристаништата во светот. Наместо тоа, Русија ги бомбардира украинските пристаништа, инфраструктурата и земјоделското земјиште. Целосно ги поддржуваме напорите на ОН за Украина повторно да ги отвори своите пристаништа и да продолжи со испораката на жито во светот, истакна Борел.

Тој нагласи дека санкциите на ЕУ не се причина за недостиг на храна и дека тие се насочени само кон способноста на Кремљ да ја финансира воената агресија, а не кон неговата способност да води легитимна трговија.

– Санкциите на ЕУ не забрануваат увоз и транспорт на руска земјоделска стока или вештачки ѓубрива, ниту за плаќањето за таквиот руски извоз, појасни Борел.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ