• Latest

Ковачевски: За јазикот и идентитетот не преговараме, решението треба да е гаранција дека нема да има пречки за ЕУ интеграција, немаме добиено предлог за деблокирање на проширувањето на ЕУ

June 17, 2022
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Ковачевски: За јазикот и идентитетот не преговараме, решението треба да е гаранција дека нема да има пречки за ЕУ интеграција, немаме добиено предлог за деблокирање на проширувањето на ЕУ

June 17, 2022 13:12
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање за отпочнување на преговорите со ЕУ и тргање на бугарското вето, рече дека предлогот го даваат земјите членки на ЕУ, бидејќи ние сме земја која што сака да се зачлени во ЕУ, информираат од владината прес служба.

“Врз основа на предлогот кој што тие го имаат, односно ќе го усогласат, бидејќи очигледно тој не е усогласен на ниво на сите земји на ЕУ, бидејќи Бугарија е земја членка на ЕУ, истиот кога ќе биде подготвен тој документ, ќе биде доставен до нас. Тогаш нормално дека ние ќе ги дадеме нашите забелешки. Јас ги кажав нашите позиции, тие се многу јасно дефинирани и во нашето Собрание до кое што се придржуваме. Нема разговори за македонскиот јазик, идентитет и решението треба да содржи севкупно решение и гаранции дека со ова веќе нема да постојат никакви други барања во однос на нашето понатамошно напредување во интеграцијата на ЕУ”, рече Ковачевски.

Премиерот посочи дека сега нема предлог со услови за почеток на преговорите со ЕУ и дека сме подготвени за интеграција врз основа на европски вредности

„Ние немаме добиено предлог за деблокирање на проширувањето на ЕУ кое вклучува решенија што произлегуваат од нашите разговори со Бугарија којшто е усогласен со сите земји членки на ЕУ“, истакна премиерот Ковачевски како одговор на новинарско прашање.

Ковачевски посочи дека во разговорите со Бугарија зазеде став и пристап за изнаоѓање на достоинствено решение коешто ќе се базира на европските вредности и како владејачка коалиција во ниту еден момент овој процес не бил политизиран и инструментализиран за дневно политичка употреба и добивање на еднократни политички поени.

Во однос на отпочнување или неотпочнувањето на преговори, Ковачевски потенцираше дека не треба да се врзуваме за датуми бидејќи изнаоѓање на решение најмалку зависи од нас во овој момент затоа што Северна Македонија има четири последователни позитивни извештаи од ЕУ и 45% усогласеност на нашето законодавство со ЕУ, и во одреден број на поглавја имаме поголема усогласеност од земји кои веќе ги имаат отпочнато преговорите со ЕУ.

„Ние нема да се откажеме со оглед на тоа што ЕУ е стратешка цел на нашата држава исто како што стратешка цел беше зачленувањето во НАТО која ја остваривме. Ние сме комплетно подготвени за процесот на преговори и сега зависи од согласноста на сите земји членки тој процес да отпочне, а разговорите со Бугарија можат да продолжат врз основа на европски вредности и врз основа на одредбите од договорите со кои е формирана ЕУ“, рече Ковачевски.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ