• Latest
Професор доктор Драги Ѓорѓиев, претседателот на македонскиот тим експерти во заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања

Ѓоргиев: Се што беше објавено за работата на Комисијата и заедничко чествување на цар Самуил е апсолутно неточно

June 23, 2022
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ѓоргиев: Се што беше објавено за работата на Комисијата и заедничко чествување на цар Самуил е апсолутно неточно

June 23, 2022 13:07
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Професор доктор Драги Ѓорѓиев, претседателот на македонскиот тим експерти во заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања

Професор доктор Драги Ѓорѓиев, претседателот на македонскиот тим експерти во заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања

Share on FacebookShare on Twitter

Не сум го прочитал францускиот предлог и не знам што содржи, но се што беше објавено за работата на Комисијата и содржината на текстовите кои се усвоени за заедничко чествување на цар Самуил е апсолутно неточно, изјави копретседавачот во заедничката Македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања Драги Ѓоргиев, во врска со францускиот предлог и билатералниот протокол во кој наводно се бара измени на историски личности од наша страна во учебниците, пренесува МИА.

– Апсолутно не е точно она што е наведено во некои медиуми со она што е усвоено од страна на самата Комисија за заедничко честување на цар Самуил. Исто така, Комисијата никогаш не усогласувала текстови за да бидат тие ставени на различни спомен обележја, споменици или тврдини. Комисијата усвојува заеднички текстови за заедничко чествување на одредени личности и тие личности се познати и веќе два текста од нив се објавени во јавноста и тоа е она што го има направено Комисијата, рече Ѓоргиев.

Тој напомена дека комисијата ниту дава дозвола да бидат тие објавени на различни спомен обележја, ниту е тоа работата на комисијата. Како што рече, текстовите на комисијата се за заедничко чествување, а не за спомен обележја

-Постои текст за заедничко чествување на цар Самуил кој е усвоен во 2019 година и вчера или завчера веќе беше објавен во дел од медиумите, а пред неколку месеци на една од средбите усвоен е и предлог препорака до владите како таа држава да биде претставена во учебниците по историја. Тие два текста немаат апсолутно ништо заедничко со она што е за жал објавено во некои медиуми и се пренесени во наши медиуми, без и малку критички да бидат анализирани, додаде Ѓоргиев.

Тој уште еднаш повтори дека работата на историската комисија не може да биде дел од процесот на политичките преговори. Тоа, како што рече, мора да биде паралелен процес и нема да биде органичен со рокови ниту врзуван со одредни императиви.

Маја Ангеловска Панова од Институтот за национална историја изјави дека самото прифаќање на францускиот предлог ќе претставува проблем, затоа што тоа ќе значи ревидирање на официјалната македонска историографија.

-Несомнено дека ова е преседан. Вакво нешто не постои во современите светски историографии на наметнување на нечиј наратив врз друг наратив, така што моето мислење е дека ова е едно агресивно однесување што не соодветствува со европските вредности, најмалку со вредностите што се применуваат во научно истражувачката работа, смета Панова.

Според историчарката, сега не можеме да зборуваме за импликациите за овој предлог, но истиот ќе има последици доколку се прифати, затоа што ќе значи комплетен ревизионизам и усогласување на ставовите онака како што тоа го налага бугарската историографија. Тоа, како што додаде, е недозволиво.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ