Предлогот на француското претседателство за деблокада на нашиот европски пат во ваква форма, каква што е во моментов, е неприфатлив за мене, за претседателот на државата, за Владата, за коалициските партнери и за граѓаните на Северна Македонија, изјави премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама по завршување на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел.
– Доколку во текот на француското претседателство се постигне разбирање за нашите позиции, ние сме подготвени да се вклучиме во разговори за истите, за да се започнат преговори до крајот на јуни, рече Ковачевски.
Премиерот нагласи дека граѓаните можат да се спокојни, бидејќи секогаш во прв план се стратешките интереси и цели на државата, како и тоа оти никој не може да ни наметне решение.
Ковачевски ги повтори клучни елементи според кои францускиот предлог би бил прифатлив:
Д. Мишев