• Latest

Тренчевска: Социјалниот дијалог е силна основа за градење на општество во кое владее социјалната правда

June 24, 2022

24 ЧАСА: ДИК избра нови членови на ОИК; косовското собрание доби претседател по 58 обиди; Украина онеспособи 17% од нафтените капацитети на Русија; во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

August 26, 2025

Лажна фотографија од Запорижја разобличена како руска пропаганда, дистрибуирана и локално

August 26, 2025
Фото: Скриншот

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025
Бердјанск, Украина

Украина го осуди незаконското вклучување на пристаништата Бердјанск и Мариупол во пописот на руски пристаништа

August 26, 2025
Илустрација: ВИ

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025
Скриншот од видеото на кое наводно се гледа како пламенот се издига од руската рафинерија Рјазан при напад со беспилотно летало во текот на ноќта на 26 јануари 2025 година. Андриј Коваленко / Телеграм

Украина онеспособила најмалку 17% од капацитетот на рафинериите за нафта во Русија

August 26, 2025

Албански блок 2025: Улогата на Тирана и Приштина – помош, влијание или напуштање на автономијата?

August 26, 2025
Фото: МИА архива

ВЛЕН до ОЈО поднесе пријава против Бујар Османи

August 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Маск тивко ги стопира плановите за нова политичка партија, додека се соочува со тужба за организирање нелегална изборна лотарија од 1 милион долари

August 26, 2025

Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

August 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Тренчевска: Социјалниот дијалог е силна основа за градење на општество во кое владее социјалната правда

June 24, 2022 14:25
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска учествуваше на  Конференцијата „Социјални предизвици“, организирана од Амбасадата на Република Франција, Францускиот институт во Скопје и Француската алијанса во Битола во рамки на Француското претседателство со Советот на ЕУ. Целта на конференцијата беше да се даде осврт на главните социјални предизвици со кои се соочуваат граѓаните на земјите-членки на ЕУ, како и на земјите кандидати, информираат од МТСП.

Министерката Тренчевска обраќајќи се пред присутните учесници на конференцијата, меѓу кои амбасадорот на Република Франција, Н.Е. г. Сирил Бомгартнер, пред се ја истакната улогата на социјалниот дијалог во едно општество, кој како што рече таа само преку социјалениот дијалог може да се подобри квалитетот на одлуките и политиките на една земја.

Таа истакна и дека, телата и процесите за социјален дијалог се моќно оружје за решавање на важни економски и социјални прашања, за справување со кризи, за поттикнување на добро владеење и социјална правда, за намалување на  нееднаквоста, закрепнување на економијата и за промовирање на економски раст.

„Искуствата од минатото ни покажуваат дека едностраното делување на владите води кон потешкотии во справувањето со последиците од кризите, обезбедувањето на социјална стабилност и заздравување на економијата. Социјалниот дијалог води кон меѓусебно разбирање помеѓу општествените групи кои застапуваат различни интереси, со цел да се постигне решение за проблемите од взаемен интерес“, рече Тренчевска.

Таа посочи дека, еден од клучните принципи на партиципативното управување е дека оние кои би можеле да бидат засегнати од некоја одлука, мора да бидат вклучени во нејзиното креирање и спроведување.

„Улогата на Економско-социјалниот совет, како трипартитно тело на национално ниво, е навистина значајна. Советот дејствува како форум кој е редовно консултиран за најважните предлог-закони, политики и мерки во областа на трудот. Токму низ Економско-социјалниот совет се дискутирани и произлегоа решенија и мерки кои беа одговор на последиците предизвикани од пандемијата, а сега и од енергетската криза, со цел да се помогне на стопанството, но и на работниците и ранливите категории на граѓани. Предлозите коишто доаѓаат од страните, поради природата на позициите, се, често, дијаметрално спротивни. Но, она што е битно, е дека суштински не се разликуваат, бидејќи целите, некаде на крајот, се исти – развиена економија и социјален мир“, рече Тренчевска.

Таа посочи дека,само во последните шест месеци, на транспарентен и целосно инклузивен начин, се донесени измени и дополнувања на Законот за работните односи, со кои се дефинира неделата како ден на неделен одмор за сите. Процесот на консултации траеше повеќе од година, се дојде до решение кое можеби не е совршено, но е резултат на успешен дијалог помеѓу Владата и социјалните партнери.

Таа се осврна и на изнаоѓањето на соодветно решение за одредување на минималната плата за 2022 година, процес кој заврши успешно, преку исцрпните преговори на претставниците на работниците и работодавачите, заедно со Владата.

Министерката информираше дека во тек е и тече и подготовката на нови законски решенија, како Законот за работните односи, Законот за спречување на вознемирување на работното место, Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, Законот за социјално претприемништво.

„Социјалниот дијалог е силна основа за градење на општество во кое владее социјалната правда, затоа што сите партиципираат, претставниците на работодавачите, работниците и  Владата. Затоа, цврсто застанавме „ЗА“ социјалниот дијалог и од него, не отстапуваме. Затоа што, тоа е за доброто на сите нас!“, порача Тренчевска.

На денешната конференција учествуваа и потпретедателот на Економско-социјалниот совет и за животна средина на Франција, Жак Ландрио, поранешна министерка за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, претседателката на „Гласен текстилец“, Кристина Ампева, професори, студенти и ученици.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ