Сите го знаеме знамето на виножитото и што значи тоа. Но, дали го знаете неговото потекло и симболика?
Дизајниранo од американскиот геј активист Гилберт Бејкер во доцните 1970-ти во Сан Франциско, предизвика многу дебати за неговите дизајн и бои.
Потенцијалните инспирации го вклучуваат колоритното хипи движење, песните, киното, природата… неговите светли тонови исто така одекнуваат во историјата како симбол на општествени промени, неутралност и универзалност во многу прилики.
Самиот Бејкер во 2015 година рече дека она што го претставува може да се сумира вака:
„Тоа е природно знаме. Тоа е од небото“. Тој силно веруваше дека луѓето од ЛГТБИ+ заслужуваат свој раскошен амблем. „Ни требаше нешто убаво, нешто од нас“.
Иако постојат неколку варијации, тоа првично беше создадено како виножито со 8 бои, кое сега е поедноставено на 6. Сепак, од тогаш, неговата симболика и популарност никогаш не престана да расте.
Д.Мишев