• Latest
rpt

Зибери: Во полициските станици нема ажурирани списоци на дежурни адвокати, а државата не ги надоместува адвокатските услуги

June 27, 2022
Фото: Фејсбук на Арбен Травари

Таравари си замина од владата на Мицкоски без испиено „сиктер кафе“

May 13, 2025

Денес: Вестминистерскиот сојуз за Украина се состанува во Лондон и онлајн за да ги зајакне демократското единство и поддршката за Украина

May 13, 2025

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

May 13, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Влатко Ѓорчев сега не го интересира изгор цената на црешите, важно краставиците да се евтини

May 13, 2025

Полска ќе му забрани влез на Додик

May 13, 2025

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има само смена на министри

May 13, 2025

Јасна осуда на руската инвазија и дијалогот со Косово се клучни за европскиот пат на Србија, рече Кошта

May 13, 2025
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

(ДЕМАНТ) Фрчкоски: Срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за излегувањето на Таравари од владата?

May 13, 2025
Фото: Скриншот Х

(ВИДЕО) Израел бомбардираше болница во Газа, „Хамас“ тврди дека меѓу убиените паценти е и новинарот Хасан Аслих

May 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Зибери: Во полициските станици нема ажурирани списоци на дежурни адвокати, а државата не ги надоместува адвокатските услуги

June 27, 2022 16:12
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
rpt

rpt

Share on FacebookShare on Twitter

Народниот правобранител, Насер Зибери и претседателот на Адвокатската комора, Љубомир Михајловски денеска потпишаа меморандум за соработка во насока на подобрување на учеството и заштитата на граѓаните пред полициските и другите служби во почетната фаза, кога против нив се превземаат дејствија, пренесува МИА.

– Во полициските станици и другите места за лишување и задржување затекнавме ситуации каде што нема ажурирани списоци од дежурни адвокати, а во некои воопшто и ги нема. Полициските службеници не се доволно информирани за правото на лицата кои се лишуваат или задржуваат, дека можат да бараат присуство на адвокат во нивна одбрана, како еден од сегментите за балансирање на односите на тие што имаат посебни овластувања и лицата кои се под нивен удар, информираше народниот правобранител.

Тој рече дека секое лице има право на адвокат во првата фаза и дека средствата за таа адвокатската услуга треба да бидат покриени од буџетот на државата.

– Мислам дека присуството на адвокат е најнеопходно токму во таа прва фаза и се разбира тоа соодветно е регулирано и во законот за кривична постапка, каде што во член 161 е предвидено дека присуството на адвокат, особено по 20 часот до шест часот наутро, може да бара секое лице кое е задржано, односно приведено, а за тоа средствата да ги надомести буџетот на државата, истакна Зибери.

Тој додаде дека соработката со адвокатската комора ќе покрива и други области, а се со цел подобрување на целосната заштита на човековите слободи и права и изрази надеж дека овој настан ќе одбележи едно подигнување не само на соработката помеѓу двете институции, туку и на свеста на граѓаните за нивна заштита на слободите и правата.

Претседателот на Адвокатската комора, Михајловски посочи дека потпишувањето на  меморандумот всушност е само едно формализирање на активностите и на дејствијата коишто ќе се превземаат од страна на адвокатите и народниот правобранител.

– Вие знаете дека адвокатите, според Уставот и според законите, како бранители се овластени да постапуваат во сите фази на постапката, на кривичната постапка, значи уште во предистражната постапка, во истражната постапка, па и во текот на судењето заради заштита на нивните интереси, односно се со цел да се заштитат нивните права, најмногу заради едно фер и праведно судење, рече Михајловски.

Тој додаде дека доколку граѓаните се подложени на тортура или на друго незаконито постапување тешко се надминуваат тие состојби за да се има едно фер и правично судење.

– Адвокатите се спремни, добро едуцирани и како такви учествуваат во многу кривични постапки коишто се водат. Имаме и адвокати кои се остручени и со меѓународни закони и конвенции коишто Македонија ги има потпишано, па како такви мислам дека ќе дадат еден голем придонес во идејата за поуспешна и поефикасна борба против тортурата, изјави Михајловски.

На новинарското прашање во врска со причините за малиот број на лицата кои користат адвокатски услуги кога се лишени од слобода  и за непојавувањето на многу адвокати кога се повикани од надлежните институции за притвор и слични случаи, Михајловски укажа дека причини за тоа е тоа што на притворените лица не им се соопштуваат или нејасно им се соопштуваат нивните права, кога во прв момент ќе бидат лишени од слобода.

– Тоа е едно. Второ е финансиското прашање. Зборувам кога не сме ангажирани од странка директно. Значи државата мора да обезбеди средства од буџетот за тие лица да добијат адвокатска помош, односно бранители, а тие трошоци да се покријат од буџетот, бидејќи има многу граѓани коишто немаат средства да ги покријат овие трошоци, нагласи Михајловски.

Тој истакна дека во моментов адвокатите не се платени воопшто за постапките пред Министерството за внатрешни работи и дека тие работат про боно, односно бесплатно за тој дел од постапката.

Во однос на прашањето за честото одредување на мерката притвор, Михајловски рече дека со тоа се оневозможува ефикасна одбрана во смисла на состојбата во која се доведува притвореното лице коешто чека судска постапка и додаде дека судовите можат и со други поблаги мерки да го обезбедат присуството на лицето против кое се води кривичната постапка.

Во врска со бројот на адвокатите кои би работеле про боно за да им излезат во пресрет на овие лица лишени од слобода, Михајловски рече дека има листа на адвокати коишто работат про боно, меѓутоа, според него, тоа е најмал проблем.

– Ние треба да имаме систем во државата, како сите други држави, којшто ќе обезбеди средства и услови за работење на бранителите уште во најраната фаза на кривичната постапка, изјави тој, додавајќи дека има многу постапки кои не продолжуваат со судска постапка туку запираат во полициска, предобвинителска или во другите рани фази и дека тие трошоци мора да се платат.

Зибери, во однос на истото прашање, рече дека адвокатите не мора да работат про боно.

– Адвокатите, за одбраната што ќе ја овозможат треба соодветно според нивната тарифа да бидат наградени, затоа што државата презела обврска со Законот за кривична постапка да ги надомести тие трошоци, се разбира во време од 20 часот до шест часот наутро. И во тој дел кога е повикан од страна на надлежен орган, адвокат да учествува во постапката, адвокатот треба да биде надоместен од средства на буџетот, не треба да биде ангажиран про боно, рече Зибери и додаде дека тоа не треба само да стои во Законот за кривична постапка, туку треба и соодветно да се материјализира, а со тоа директно ќе се влијае во заштита на правата и заштитата на правата на лицата коишто се приведени и задржани.

Зибери потенцираше дека токму тоа е причината што во полициските станици и другите места за лишување и задржување нема ажурирани списоци од дежурни адвокати и дека тоа е резултат на фактот што државата не ги надоместува адвокатите за услугата што ја даваат.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ