• Latest

Османи: Во рамката ќе стои македонски јазик и тој станува официјален во ЕУ

July 2, 2022

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (1): Отисокот на руското влијание во Северна Македонија

November 9, 2025
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Османи: Во рамката ќе стои македонски јазик и тој станува официјален во ЕУ

July 2, 2022 12:45
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на брифинг со новинари изјави дека прашањето на македонскиот јазик е решено и дека треба да се „демонтираат“ сите лаги поврзани со него. Османи тврди дека во рамката што треба да биде потпишана со Европската унија ќе стои дека Северна Македонија ќе го преведе законодавството на македонски јазик исто како и во рамките на други земји. Својот став Бугарија ќе го искаже во изјава која ќе влезе во записникот, а според него, таа ќе биде изјавата што беше срочена во рамки на Португалскиот предлог.

-Ги убедивме 26-земји членки да ја прифатат нашата верзија со дозвола на Бугарија, рече Османи.

Бугарија, како што тврди, ќе го искаже во изјава согласно Португалскиот предлог односно дека македонскиот јазик не постоел до 1945 година и дека бил еден од нивните дијалекти. Северна Македонија, вели Османи, во записникот ќе има исто така изјава.

Министерот за надворешни работи вели дека и вчера, но и денеска сака да ја демонтира „логиката дека треба да останеме блокирани за да не не блокираат во иднина, која што е на некој начин нелогична фраза сама по себе и граматички, но и суштински. Бидејќи од стравот да не не блокираат да останеме блокирани, тоа е за мене ирационално и штетно“.  

Ирационално и штетно е да се тврди и дека ќе има смена на идентитет, бугаризација… Напротив, вели шефот на дипломатијата, се затвора еднаш засекогаш прашањето за јазикот, кој беше оспруван од некои во ЕУ.

Османи на брифингот со новинарите објасни како се одвивале разговорите односно што и зошто така стои во рамката, појаснувајќи дека таа се усвојува истиот ден кога ние ќе кажеме „да“ за пакетот.

-И тука се затвора Уставот на преговарачкиот процес. Тоа е документот којшто нас не врзува веќе со ЕУ. Во таа рамка пишува чист македонски јазик без никакви додавки и од тој момент станува официјален јазик на ЕУ во преговарачкиот процес, а потоа со членството во ЕУ, потенцира Османи.

Наведе дека Бугарија сакала да го нема тој параграф воопшто и оти се повикувле на црногорскиот модел. 

-Во овој устав вели: „Северна Македонија ќе обезбеди превод на европското законодавство на македонски во текот на преговарачкиот процес“. Земете ја српската рамка – е истиот параграф. Сега Република Србија ќе обезбеди превод на европското законодавство на српски јазик. Земете ја албанската,  земете ја црногорската, апсолутно иста формулација за јазикот. Ако ова не е најголемата победа во процесот, ако ова некој го смета како еден спореден ефект затворање засекогаш на прашањето на јазикот после ОН сега и ЕУ никогаш, никаде нема да има спор по однос на јазикот. И сега со завршените други прашања тука се завршува прашањата на јазички, идентитетски – се завршува во рамката, рече Османи.

Министерот потенцира дека за јазикот сите шпекулации дека има фуснота, сите шпекулации дека има какви било квалификации во рамката, се неточни и лажни.

-Да, има еднострана изјава на Бугарија, но не во рамката, туку во записникот. Сметајте како ова да е состанок во којшто ја усвојуваме рамката, некој тука ќе каже да, ама јас имам мислење. Записничарот вика кажа вакво мислење, но тоа не влегува во документот, не влегува во заклучоците. Едноставно записничарот пишува дека некој кажал нешто и тоа еднаш и никогаш повеќе. Тоа е португалскиот предлог – нема никакви правни импликации по употребата на јазикот, кон интерпретација на јазикот. Можам најодговорно под целосна одговорност да кажам дека ова е чисто прашање и сите коментари по однос на јазикот се лажни, манипулативни од суета, од непознавање и сите други можни аргументи, но вистината е ова – во рамката се официјализира македонскиот јазик како таков и влегува дел од 25-те европски јазици, рече Османи. 

Според него, лага е исто така дека билатералните прашања односно дека историските прашања влегуваат сега во рамката, зашто тие биле скогаш дел од рамката. Тој ги според германскиот и сегашниот предлог. Османи вели дека Уставот ќе биде отворен, но откако ќе помине првата меѓународна конференција и оти во него ќе влезат Црногорците, Хрватите и Бугарите.

-Добиваме историска рамка да ги почнеме преговорите утре, задутре кога сакаме ние, да почнат да доаѓаат фондови, да смениме курс на државата, рече Османи.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ