• Latest
проф. д-р Катерина Колозова

Зошто е Франција обележана како одговорна за несогласувањата меѓу Бугарија и Северна Македонија?

July 3, 2022

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Зошто е Франција обележана како одговорна за несогласувањата меѓу Бугарија и Северна Македонија?

July 3, 2022 13:08
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, СТАВОВИ, ТОП 5
проф. д-р Катерина Колозова

проф. д-р Катерина Колозова

Share on FacebookShare on Twitter

КАТЕРИНА КОЛОЗОВА и ЕЛИЗ БЕРНАР / Le Journal du Dimanche

Катче за Француското претседателство на Европската Унија, од Катерина Колозова, професорка по политичка философија на ИОХН-Скопје и Елиз Бернар, доктор по јавно право и директорка на студии при Еуропа Нова (тинк тенк поврзан со Факултетот за политички науки на Универзитетот Париз), ги дешифрираат тензиите околу пристапувањето на Западниот Балкан во Европската унија, меѓу кои и Северна Македонија.

Француското претседателство на Советот на Европската унија (La Présidence française du Conseil de l’Union européenne или PFUE) се затвора со еден силен симболизам содржан во признавањето на ЕУ кандидатскиот статус на Украина и Молдавија и, во една помала мера, со гласањето за укинување на бугарското вето во однос на Северна Македонија. За жал, далеку сме од исход за понатамошен ентузијастичен процес на проширување: портфолијата на земјите на Западен Балкан ни се чини дека ќе се сведат на статус quo ante. Ова се објаснува со една успешна манипулација со информациите, која се состои во тоа што предизвикува еден немир заснован на распространетото непознавање на процедурите на проширување на Унијата.

Прва во регионот [на Западен Балкан] доби статус на кандидат за Европската унија во 2005, а веќе од крајот на 2005 процедурата на пристапување се чини, од тогаш наваму, попречена од нејзините соседи, членки на Унијата за разлика од другите земји-кандидатки. Грција поставуваше вето на отворањето на преговорите за пристапување, не од суштински причини, туку поради тоа што именувањето „Македонија“ го третираше како свое. Само што беше решен овој проблем во 2019, Бугарија почна да се противи на отворањето преговори за пристапување, сметајќи ја Северна Македонија за дел од сопствената историска територија а македонскиот јазик како една варијанта на бугарскиот. Така, кандидатката никогаш не успеа да ги докаже својот напредок во владењеето на правото ниту своите економски предности за Унијата.  

Вечерта на 24 јуни 2022, Бугарското собрание конечно гласаше за укинување на своето вето, откако Советот го увери дека неговите интереси поврзани со македонското пристапување би биле гарантирани. Иако можеше да се очекува обновен ентузијазам, следниот ден, македонскиот премиер Димитар Ковачевски, се закани со одбивање да отвори преговори со Унијата тврдејќи дека тоа би ги порекнало македонските аргументи за сопствените историски и јазични посебности. 

Сеопшта хистерија

Оваа зачудувачка позиција се објаснува со една распространета хистерија во медиумите и на социјалните мрежи, во деновите кои претходеа, која се однесува на Француското претседателство. Врз основа на еден работен документ на Советот на ЕУ, кој „протекол,“ Франција и Француското претседателство со ЕУ се оцрнувани. Го испитавме: станува збор за работен документ датиран на 17 јуни 2022, или поточно еден драфт кој зборува за македонскиот напредок кон отворањето на преговорите. Содржи прецртувања, корекции и е експлицитно печатиран како „лимитиран,“ односно не смееше да излезе во јавност, а е презентиран како документ кој ѝ дава за право единствено на Бугарија.  

Целта на Француското претседателство со ЕУ беше да подготви билатерален протокол меѓу Бугарија и ЕУ за да се стаса до отстранување на ветото со цел конечно да се дозволи отворање на преговорите за пристапување. Не стануваше збор за тоа да се расчистат македонско-бугарските недоразбирања, бидејќи тоа е надвор од надлежностите на ЕУ. За жал, претераната реакција поврзана со „протечениот“ нацрт-документ го декредибилизираше раководството на Северна Македонија, до таа мера што пристигнувањето на Димитар Ковачевски на ЕУ Самитот за Балканот беше прогласено за предавство а избраниците на опозицијата повикуваа дури и на одбивање да се отпочнат преговорите за пристапување, од причини што ЕУ ѝ наметнува на Северна Македонија да ги напушти своите историски и јазички права. Ова е, секако, потполно погрешно. 

Симтоматика на блокадите на проширувањето на ЕУ во државите на Западниот Балкан

Она што може да биде сведено на анегдота е вознемирувачко и симптоматично за блокадите на проширувањето на ЕУ во Западен Балкан. Всушност, онаа безживотност – која жаргонски се нарекува евро-замор – на про-ЕУ македонските сили кулминира во полемика на која можат да се придружат сите евро-скептици од регионот.  Сето тоа под капата на таканаречениот „неуспех на француската дипломатија“ или француското претседателство со ЕУ. Прекрасно! Сите оние кои се колебаат да се отпочнат преговорите за пристапување бидејќи не сакаат да ги подложат своите потреби на владеењето на правото, сега се во друштво на оние кои бараат поголемо владеење на правото: ЕУ им мисли зло, Франција одбива да ги брани. Во суштина, појаснувањата во однос на нацртот и не се толку важни, Француското претседателство е претставено како толку лошо што не успеало да ги задржи ни про-ЕУ ентузијастите на Балканот.  

Така, кон крајот на Француското претседателство со ЕУ, се среќаваат – обединети во несреќата – разочараните од процесот на пристапување кон ЕУ, југоносталгичните, промоторите на нешто што би било еквивалент на Шенген наречено „Отворен Балкан,“ љубителите на стабилократијата, а сето тоа со големо засилување од проруските медиуми следени преку Србија. Среде сето тоа, Француското претседателство им отвори пат кон отстранување на бугарското вето. Отворањето на преговорите ќе почека. Уште полошо, сценариото на повлекување на кандидатурата не е исклучено, славејќи ја така победата на манипулацијата со информациите и оние кои ги злоупотребуваат процепите на непознавање на европските институции.


Превод од француски на македонски: Катерина Колозова

Оригиналот е објавен во престижниот Le Journal du Dimanche (30 јуни 2022)

 

 

 




ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ