• Latest

Консултациите и реакциите за францускиот предлог продолжуваат

July 5, 2022
Фото: Министерство за одбрана

Мисајловски: Со поддршка од ЕУ, зајакнување на македонската Армија со помош во опрема од 40 милиони евра

May 23, 2025

Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари

May 23, 2025

(ВИДЕО) Син го чека својот татко од руско заробеништво – Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната

May 23, 2025
Фотографија: МИА

Протест пред Владата на Србија: Професорите поднесоа барање за распишување избори

May 23, 2025

Идниот гувернер ќе се избира на пленарна седница на 28 мај, Сиљановска го предложи Славески

May 23, 2025

(ФОТО) Зоран Кардула претстави 120 портрети на познати личности со влашко потекло, Небојша Гелевски го додаде Кардула

May 23, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW News

Германија распоредува постојани трупи во друга земја за прв пат по Втората светска војна

May 23, 2025
Вештачка интелигенција (Foto: Wikimedia Commons)

Советот на ЕУ предлага инклузивна и етичка стратегија за користење на вештачката интелигенција во науката

May 23, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Economic Times

Иран не верува дека е веројатен нуклеарен договор, иако разговорите со САД се очекува да продолжат

May 23, 2025

РЕАКЦИИ: Телевизиите – под партиски диктат, без креативна слобода?

May 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Консултациите и реакциите за францускиот предлог продолжуваат

July 5, 2022 08:47
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Францускиот предлог за деблокада на македонските интеграции во ЕУ, интегрално преведен на македонски јазик, од вчера е објавен на официјалната веб страница на Владата со цел транспарентно информирање на јавноста, а за него, на барање на дел од коалициските партнери во власта, според најавите, ќе се разговара и во Собранието.

Во рамки на разговорите за францускиот предлог за преговарачката рамка, денеска во Скопје пристигнува претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, со цел да ја покаже поддршката на ЕУ за францускиот предлог и да ја потврди заложбата на Унијата за интегрирање на Северна Македонија.

Предлогот од средината на минатата недела е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која премиерот Димитар Ковачевски ја води со сите чинители во државата, вклучувајќи ги и опозициските партии, граѓанските организации и медиумите. Вчера беше претставен пред Стратешкиот совет на Министерството за надворешни работи со цел одржување консултации за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија.

-Консултациите со сите релевантни општествени чинители претставуваат важен аспект од процесот на донесување на конечна одлука за овој историски момент за насоката на која ќе се движи државата, напиша министерот за надворешни работи Бујар Османи во објава на Фејсбук.

Ковачевски на завчерашната средба со коалициските партии Демократски сојуз, ДОМ и ЛДП, дал согласност предлогот да биде ставен на пленарна седница и по расправата од пратениците за него да бидат изгласани заклучоци.

Засега не е прецизирано кога би се одржала средбата со оглед на тоа што помалите партии побарале објавување на сите документи содржани во предлогот, меѓу кои и протоколот, чија содржина се уште не е позната, изјави  Маја Морачанин од ДОМ, пренесувајќи дека на средбата побарале предлогот да оди на пленарна седница, а не само преку Владата.

Трите партии побарале и сите документи, вклучувајќи го и протоколот да бидат преведени на македонски јазик и објавени и достапни за целата јавност, а порачале и дека за нив е неприфатливо доколку билатералните прашања врзани за историјата и образованието бидат дел од преговарачкиот процес.

Од Демократскиот сојуз, во соопштение по седница на партиското претседателство, пак, побараа да се направат промени во преговарачката рамка. Тие сметаат дека во услови на геостратешки конфронтации, од круцијално значење за државава е да започнат преговорите со ЕУ и да продолжат реформите и имплементацијата на европските вредности.

Од ДС порачуваат и македонскиот идентитет  и македонскиот јазик под никакви услови да не се оспоруваат и загрозуваат, а историските и образовните прашања, како и говорот на омраза и отворањето на досиејата за прогонувани лица од комунистичкиот режим, да биде на реципрочна основа.

Во рамки на широките консултации за предлогот Ковачевски  вчера имаше средба со лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села, кој изјави дека Северна Македонија треба да продолжи по патот на евроинтеграциите и оти друга опција за нас како држава не треба да постои.

-Единствен пат треба да биде ЕУ што побргу. Нормално дека тој пат оди преку преговори, преку договори кои треба да се постигнат со земјите на ЕУ. Нема двоумење и мислам дека АА е јасна во овие линии. Јасни сме биле и кога сме давале поддршка и за членување на државата во НАТО. Мислам дека АА е главниот чинител кој ги почна овие промени за да денеска ние бидеме дел од НАТО-Алијансата и граѓаните да се чувствуваат посигурни побезбедни во време на оваа воена криза која се случува помеѓу Русија и Украина, изјави Села.

Тој информираше дека дел од дебатата со премиерот била и во врска со македонскиот јазик. Посочи дека имаат разбирање за емоционалното чувство на секој граѓанин, но и дека, како што рече, дефиницијата за јазикот којшто го зборуваат над 20 отсто од граѓаните и кој е различен од македонскиот јазик, е омаловажувачка за Албанците и дека во ситуација кога ќе се отворат уставните измени, треба да се има предвид тоа и во Уставот да стои албански јазик.

–  Алијанса за Албанците ќе инсистира на ова како политичка партија. И сакам да ја искористам можноста да и пратам апел на ДУИ и тие да се позанимаваат со промена на оваа дефиниција, рече Села.

И од движењето БЕСА, од каде веќе се изјаснија дека за нив е прифатлив францускиот предлог,  исто така бараат за време на уставните измени да се отстрани делот 20 проценти и да пишува албански јазик.

-Во овие моменти е потребно државничко однесување, мудрост и одговорност водејќи грижа за иднината на државата, на сите наши граѓани. Во предлогот, којшто го сметаме дека е европскиот предлог, недвосмислено имаме прифаќање на Македонски јазик во ЕУ, што значи затворање на сите идентитетски прашања.  Извршниот одбор на СДСМ констатира дека затворање на идентитетските прашања е најважно и сега е кристално јасно: македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со другите јазици на Европската Унија. Ова е клучна позиција, државна и национална којашто со овој предлог е обезбедена, наведоа од СДСМ.

Во меѓувреме, пораки и поддршка за прифаќање на предлогот упатија министерот за европски прашања на Ирска, Томас Бирн и финската министерка за европски прашања Тити Тупураинен во рамки на нивната заедничка посета на државата.

-Демонстриравте дека сте посветени на тешкиот реформски процес што е во тек. Сакаме преговорите и пристапувањето да се случат што е можно побргу. Во моментов сте соочени со навистина важна одлука и јас лично сум многу возбуден од можноста Северна Македонија да стане членка на Европската Унија, изјави Бирн  на заедничка прес-конференција со Маричиќ и Тупураинен.

Тој порача дека македонскиот јазик и идентитет се заштитени со предлогот, а ќе бидат и зајакнати со членството во Унијата.

И според финската министерка за европски прашања со преговарачката рамка целосно се почитува македонската култура, јазик и идентитет.

-Преговарачката рамка не треба да има никакви влијанија предизвикани од билатералани прашања или прашања поврзани со историјата и идентитетот, се работи за проширување на ЕУ и преговарачкиот процес и сите тие имаат свои методологии, имаме програма и ги имаме сите инструменти и треба да се започне со самите преговори, рече Тупураинен.

Неговиот домаќин, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, пак оцени дека би била вистинска штета и за државата и за идните генерации да го пропуштиме овој момент сметајќи дека ќе добиеме во иднина можеби подобар предлог.

-Не би било одговорно да се одбие предлог во кој сме ги постигнале барањата со надеж дека ќе ни се понуди друг. Напротив, секое одлагање и губење време ни отвора можност за нови дневнополитички случувања, рече Маричиќ пораќувајќи дека не момент за непотребно одлагање, туку за разумна дискусија која ќе не одведе до долго посакуваната цел – отпочнување на преговорите.

Во меѓувреме, од Европската комисија информираа дека најбрзо што можат ќе изнесат детали за македонскиот јазик во договорот за Фронтекс, кој Софија досега го блокира токму поради нашиот јазик.

Според македонските владини претставници, преговарачката рамка предложена од француското претседателство треба да го деблокира и договорот за Фронтекс, кој Северна Македонија не можеше да го потпише до сега поради одбивањето на Бугарија во него да стои македонски јазик.

-Сега ги разгледуваме практичните импликации вклучително и за можноста за договорот со Фронтекс, треба да се видат низа оперативни детали на таа тема, да се види кои ќе бидат импликациите врз него, рече портпаролката на Европската Комисија, Дана Спинант.

Од генералниот директорат за внатрешни работи на Европската Комисија одговорија дека нивните служби работат на ова прашање и најавија дека ќе испратат одговор „што е можно побрзо“.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љупчо Георгиевски, претседател на ВМРО НП (Фотографија: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

    Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: Поставена скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ во паркот „Украина“ во Чаир; Обвинителката Ристоска бара јавно извинување од Латас; Велика Британија ги прекина разговорите за слободна трговија со Израел поради војната во Газа

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Поднесени две обвиненија за предметот „Онкологија“ – опфатени двајца екс директори и четворица лекари онколози

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Германија распоредува постојани трупи во друга земја за прв пат по Втората светска војна

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ