„Прекрасно беше да се слуша македонскиот јазик, Ви благодарам вицепремиер за вашето топло добредојде во Скопје денес, тоа е едно прекрасно чувство да се биде овде во Северна Македоија и ми претставува големо задоволство што сум овде заедно со мојот добар колега, ирскиот министер Томас Берн“, изјави финската министерка за европски прашања Тити Тупураинен. на зедничката прес-конференција со министерот за европски прашања на Ирска, Томас Бирн и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.
„Ви благодарам за вашата извонредна македонска гостољубивост и вашите дискусии за време на нашата заедничка средба. Финска и Ирска се едни од најсилните и најдоследните поддржувачи на С. Македонија и јас лично ги вложив сите мои лични напори во текот на претседателството во 2019 за да се започне со преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија и почетокот на преговорите и натаму останува наш највисок приоритет и со задоволство гледам дека овде има позитивни чекори, ги поддржуваме сите напори да се најдат заемноприфатливи решенија, почетокот на преговорите е од суштинска важност не само за земјите што се засегнати туку за целиот регион и ЕУ.
Се работи за кредибилитетот на ЕУ и нејзината политика за проширување, а се разбира ова е и прашање на мир и стабилност на Западен Балкан и според тоа претставува европско прашање за нас, Северна Македонија е позитивен пример на активен и конструктивен член на меѓународната заедница и морам да кажам дека ова го кажувам од дното на душата, дека вашата целосна посветеност и целосна усогласеност со европска полтика кон Русија е од извонредно значање затоа што е важно да се бидат цврсто обединети во нашиот одговор кон руската агресија, сега не е време да се биде во одбрана на некој, сега е време да се биде на вистинската страна на историјата, мора да се спротиставиме на Русија, да се обединиме и ззаедно да се соочиме со Русија.
ЕУ и Западен Балкан мора меѓусебно да се поддржуваат и натаму да ја зголемат својата соработка во надворешната соработка и политика. Ви благодарам многу за вашата усогласеност со нашата политика како и за тоа што се веќе членка на НАТО. Се надевам ја имаме вашата поддршка за нашето членство во НАТО, се надевам дека наскоро ќе бидеме сојузници, вашето искуство како членка на НАТО е од голема вредност за нас. С. Македонија следната година ќе ја добие и нашата целосна поддршка за она што ви претстои, меѓутоа се работи за многу важен процес. На крајот би сакала да кажам дека сум благодарна за нашата добра соработка и навистина посебно значање за мене да се биде овде во С. Македонија во овој историски момент. Ова е навистина голема можност за сите нас да ја зголемиме демократијата и европската соработка“, изјави Тупураинен.