• Latest
Колозова ЦИВИЛ МЕДИА

Справување со прашањето на растечката поларизација и „евроскептицизмот“ што кулминира во реакцијата на јавноста кон таканаречениот „Француски предлог“

July 5, 2022
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Справување со прашањето на растечката поларизација и „евроскептицизмот“ што кулминира во реакцијата на јавноста кон таканаречениот „Француски предлог“

Институтот за општествени и хуманистички науки -Скопје (ИОХН-С) има изработено неколку анализи придружени со препораки за можниот излез од слепата улица во однос на проширувањето поради бугарско-македонскиот спор.

July 5, 2022 18:12
in АНАЛИЗИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Колозова ЦИВИЛ МЕДИА

Катерина Колозова

Share on FacebookShare on Twitter

КАТЕРИНА КОЛОЗОВА

Институтот за општествени и хуманистички науки -Скопје (ИОХН-С) има изработено неколку анализи придружени со препораки за можниот излез од слепата улица во однос на проширувањето поради бугарско-македонскиот спор.

Ние сметаме дека суштината на нашите препораки е опфатена со сегашната Општа позиција и Преговарачка рамка на Советот на ЕУ дотолку што не содржи никаква референца на историјата, историографијата и идентитетот. Прашањата на културниот конфликт, како што ние ја дефинираме суштината на спорот (видете ја првата препорака цитирана подолу, што ја содржи премисата на дефиницијата), се пренесени на ниво на билатерално разрешување на конфликти и се надеваме помирување.

Треба да се осмислат културни политики за разрешување на културниот конфликт и да се понуди решение во однос на културните и образовните политики низ дисциплини (литература, уметност, историја), бидејќи кај секој идентитетски наратив се работи за нешто повеќе од само „историја“ (историјата во идентитетскиот контекст е народен спонтан наратив за минатото, слично на мит). Кажано поинаку, историографијата и педагогијата не треба да го испорачаат решението за конфликтот кој е во прашање, туку современите образовни политики; наместо тоа: да се применат образовни политики и политики од областа на меѓународните односи кои би можеле да ги потврдат врските во историјата, без разлика дали таквата историја е наречена споделена или заедничка – клучно е да се истакне дека ова се врски на континуитетот помеѓу заедничкото минато, но, исто така, се надеваме, и споделена иднина, точки на поврзување, наместо на поделба (од Резиме на тројна анализа, стр. 1, достапна на нашата бебстрана под долги политики, малку ревидирани).

Документот останува политички стерилен – во најдобрата можна смисла на зборот – а во истовреме обезбедува пристап на сензитивност кон културните засегнатости, за што е понуден најсоодветен формат, кој следи сличен договор за добрососедски односи, односно „Преспанскиот“. Уште повеќе, единствената препорака за која сметавме дека е незамислива и малку веројатна за исполнување, е материјализирана: Рамковната позиција на бугарското собрание е сосема оставена настрана во „контроверзниот“ таканаречен „француски предлог“.

Зошто тогаш ваква реакција не само на десничарските партии и на една националистичка левичарска партија (Левица), туку и на дел од веројатно проевропското експертско и граѓанско општество? Ние сметаме дека се работи за висока поларизација изградена со ветото и билатералните преговори околу истото. Европа и Бугарија се виновни за тоа што дозволија еден таков опасен процес да се случи, непромислено дозволувајќи да се развие поларизација, како и евроскептицизам, дури и кај оние кои некогаш беа најпосветени на ЕУ интеграцијата.

Треба итно да се иницира брз процес на деполаризација, преку методи на разрешување на културен конфликт и помирување, како предуслов за било каков рационален разговор во однос на билатералните протоколи со Бугарија, но и во врска со „францускиот документ“ (како што е наречен во македонската јавност) и за повторно градење на доверба во идејата за обединета Европа и европски вредности. Првиот чекор може (а ние тврдиме, треба) да биде тоа да нашата јавност биде потсетувана дека ние допрва ќе учиме што се европските вредности, бидејќи се повеќе од тоа само да се биде географски и културен дел на континентот: дијалог на спротивставени ставови, разрешување на конфликти и дарба и знаење за градење на добрососедски односи по пат на „вистина и помирување“ (методата на Жак Дерида), како и други поврзани модели на деполаризација и разрешување на културен конфликт.

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ