• Latest

Сарацин: Со францускиот предлог вратата на Северна Македонија за пристапување кон ЕУ е широко отворена

July 6, 2022
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Сарацин: Со францускиот предлог вратата на Северна Македонија за пристапување кон ЕУ е широко отворена

July 6, 2022 11:42
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со прифаќањето на францускиот предлог се овозможува веднаш да се започне процесот на пристапните преговори на Северна Македонија кон ЕУ без понатамошни одолговлекувања и без можност за блокади. Германија е на страната на Северна Македонија и ќе се залага европската перспектива на Западен Балкан активно да заживее, посочи германскиот специјален претставник за Западен Балкан, Мануел Сарацин кој денеска е во официјална посета на нашата земја.

Тој на денешната прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ рече дека вратата кон пристапување на Северна Македонија во ЕУ со овој договор е широко отворена. За да се влезе низ оваа врата, како што рече, не е лесно, но тоа е одлука на нашата политика и на нашата земја.

-Знам дека ова е тежок момент за вас сега и за луѓето, но истовремено е и момент кој носи одредена надеж во себе. Верувам во македонската политика и во луѓето и оти сите заедно ќе продолжиме на патот кон ЕУ. Нападот на Руската Федерација врз Украина покажува колку е важно заеднички да се решаваат проблемите, да се организираме, но и ни покажува дека ништо повеќе не нуди толкава сигурност како да се биде во европските организации, преку европските договори, додаде Сарацин.

Тој напомена дека се залага за проширување и интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ и затоа како што рече, имаме поддршка побрзо да напредуваме. 

-За мене лично е многу важно овој процес со Северна Македонија да се случи, бидејќи е во интерес и на вашата земја и на ЕУ, додаде германскиот специјален претставник за Западен Балкан.

Според Сарацин, овој договор е добар бидејќи се земени в предвид барањата на Владата на Северна Македонија и истиот предвидува процесот на пристапните преговори да започне веднаш без одолговлекување.

Посочи оти разбира дека има и критики за предлогот, дека постои грижа за сопствениот национален идентитет при што потенцираше дека за Германија е многу јасен, но како што рече, со овој предлог нашиот идентитет е сочуван.

–Северна Македонија може конечно да ги започне пристапните преговори, за кои се залагаше 17 години и тоа од страна на најразлични партии и политичари. Но, сега е дојден моментот. Сега треба да го направите следниот чекор. Целата Сојузна влада и јас лично се залагаме за европската перспектива на Западен Балкан активно да заживее и мислам дека во следните денови Северна Македонија би можела да даде значаен придонес. Германија притоа ќе биде на страната на Северна Македонија. Им ја нудиме поддршката на сите политички сили и сакаме заедно со вас многу побрзо да ја достигнеме целта, додаде Сарацин.

Тој додаде дека овој договор треба да се прифати сега, бидејќи смета дека можеби повторно нема да добиеме можност за некој нов договор кој ќе е подобар од овој.

-Разбирам дека има недоверба кон бугарската позиција. Во Софија слушнав дека има доверба кон позицијата во Скопје. Јас не можам да ветам каков ќе биде исходот од изборите во Бугарија, но едно е јасно, а тоа е дека се што може да се реши сега, треба да се реши, бидејќи треба да се обезбедите за поопасни времиња. Не сум убеден дека чекање сега е паметно. Германија и ЕУ ќе направат се за да гарантираат дека патот на Северна Македонија во ЕУ ќе биде отворен, посочи Сарацин.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ