• Latest

АЕК ги додели одобренијата за 5Г мрежата

July 11, 2022

24 ЧАСА: ДИК избра нови членови на ОИК; косовското собрание доби претседател по 58 обиди; Украина онеспособи 17% од нафтените капацитети на Русија; во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

August 26, 2025

Лажна фотографија од Запорижја разобличена како руска пропаганда, дистрибуирана и локално

August 26, 2025
Фото: Скриншот

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025
Бердјанск, Украина

Украина го осуди незаконското вклучување на пристаништата Бердјанск и Мариупол во пописот на руски пристаништа

August 26, 2025
Илустрација: ВИ

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025
Скриншот од видеото на кое наводно се гледа како пламенот се издига од руската рафинерија Рјазан при напад со беспилотно летало во текот на ноќта на 26 јануари 2025 година. Андриј Коваленко / Телеграм

Украина онеспособила најмалку 17% од капацитетот на рафинериите за нафта во Русија

August 26, 2025

Албански блок 2025: Улогата на Тирана и Приштина – помош, влијание или напуштање на автономијата?

August 26, 2025
Фото: МИА архива

ВЛЕН до ОЈО поднесе пријава против Бујар Османи

August 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Маск тивко ги стопира плановите за нова политичка партија, додека се соочува со тужба за организирање нелегална изборна лотарија од 1 милион долари

August 26, 2025

Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

August 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home НАУКА ТЕХНОЛОГИИ

АЕК ги додели одобренијата за 5Г мрежата

July 11, 2022 13:37
in ВЕСТИ, ТЕХНОЛОГИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска на „Македонски Телеком“ и „А1 Македонија“ им ги додели одобренија за петтата мобилна генерација 5Г, со што станавме прва држава во Западен Балкан што воведува вистинска 5Г мрежа, пренесува МИА.

Во моментов, како што изјави директорот на АЕК, Јетон Аќику, „Македонски Телеком“ веќе ја има покриено територијата на 16 града со 5Г мрежата и работи во делот на Тетово и Гостивар, а „А1 Македонија“ работи на покривање на територијата на Скопје. Според него, се очекува „Македонски Телеком“ прв да ја покрие целата територија на државата со функционална 5Г мрежа која треба да е 10 пати побрза од 4Г.

– Направивме мерења на 5Г мрежата кои покажаа дека зрачењето кај оваа технологија е далеку помало од старото со 4Г. Како АЕК го направивме тоа што можевме, меревме, ќе мериме и ќе продолжиме да мериме за научно да покажеме дека нема такво зрачење како што обвинуваат на социјалните мрежи. Ќе се потрудиме да ги известиме граѓаните дека нема потреба за паника, рече Аќику по доделувањето на одобренијата.

Тој нагласи дека веќе од следната година ќе почне постепеното намалување на цените на роамингот и на податочниот сообраќај, односно интернетот со земјите од Европската Унија и додаде дека очекува до 2027 година да има цени слични како што сега има роамингот со земјите од Западен Балкан во рамки на „Roam like at home“.

Во роамингот со Западен Балкан, како што беше посочено на првиот јавен состанок на АЕК за годинава, веќе има значително зголемување во минути и искористен интернет. Тоа е услуга, која, како што истакнаа, е наменета да се користи периодично  односно при повремени посети во земјите од Западен Балкан, а не за постојано користење.

Беше најавено дека неделава во Виена  ќе има координативен состанок за почеток на преговорите за намалување на церените на роамингот и за користење на податочниот сообраќај со земјите од ЕУ.

До АЕК годинава пристигнале 256 барања за решавање на спорови од кои 74 отсто се веќе решени со што првичниот рок од четири месеци за решавање на барањата е намален на 50 дена. Од нив 53 отсто се решени во корист на барателите што, како што велат од АЕК, покажува дека се зголемува свесноста на корисниците зошто и кога да приговараат и на основаноста на нивните приговори. Речиси и да нема приговори во однос на роамнигот со Западен Балкан.

Најмногу од барањата се за незадоволството за мобилната телефонија, а потоа за телевизијата и за другите ставки. Забележани се прекинувања на тарифни договори на сред договор, кои не смеат да се прекинат без согласноста на корисникот, а од АЕК им препорачаа на корисниците да ги прочитаат договорите пред да ги потпишат.

Во делот на измамничкиот меѓународен говорен сообраќај во соработка со двата мобилни оператори корисниците, како што беше нагласено, биле заштитени од плаќања големи сметки. На претплатниците на домашна мрежа им се генерирале дојдовни повици од странски мрежи најчесто кон Австрија, Шпанија и Португалија и други подалечни дестинации. Тие во соработка со операторите биле комплетно блокирани на нивната мрежа и при решавање на бројните предмети кои стигнале до АЕК било одлучено корисниците да немаат обврска да плаќаат ништо доколку не била воспоставена крајната дестинација на повикот и нивните приговори биле усвоени. Оваа појава во моментов е комплетно отстранета од стана на АЕК и операторите.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ