• Latest

Совет на амбасадори: Да се соочиме со предизвиците и храбро да зачекориме кон ЕУ

July 12, 2022
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Совет на амбасадори: Да се соочиме со предизвиците и храбро да зачекориме кон ЕУ

July 12, 2022 11:47
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во овој критичен момент на европската историја обележена со инвазијата на Русија во Украина, унапредувањето на патот на нашата држава кон ЕУ е од клучно значење за иднината, стабилноста и просперитетот на државата, регионот и пошироко на Европа, Советот на амбасадори ги охрабрува проевропски ориентираните граѓани, невладини организации, политички партии, пратеници, новинари, интелектуалци, но и оние кои од недоволната информираност поради недостапност до вистински информации емотивно реагираа на францускиот предлог, да се соочиме сите заедно со предизвиците и храбро да зачекориме кон ЕУ, пренесува МИА.

– Во минатото почнувајќи од одржувањето на референдумот за независност, потоа влезот на нашата држава во ООН под референцата, преку усвојувањето на Охридскиот договор и реформите кои следеа во државата, како и усвојувањето на Преспанскиот договор, нашите граѓани, напредната интелигенција, политички партии и раководства и НВО донесоа правилни и историски одлуки со кои се трасираа нашите евроатлански интеграции, посочува Советот на амбасадори во денешното соопштение.

Советот смета дека е неопходно да се прифати европскиот компромис како важен чекор кој ќе ја приближи Северна Македонија кон членството во ЕУ со кој ќе биде надмината и блокадата од источниот сосед.

– Свесни сме дека компромисите понекогаш се болни отстапки, свесни сме дека во дипломатските преговори никогаш не се постигнува апсолутна сатисфакција на која било страна, но најзначајно за нашите граѓани е тоа што со „францускиот предлог“ се зацементирани и гарантирани македонскиот јазик и идентитет од страна на ЕУ, посочуваат од ова граѓанско здружение.

Советот воедно ја потсетува јавноста дека и европската конструкција и нејзиното функционирање било и е резултат на бројни компромиси, премрежија, отстапувања и договори.

– Совет на амбасадори е убеден дека ЕУ и нејзините членки и институции ќе бидат на висината на европските критериуми и вредности и нема да дозволат наметнувања на евентуално дополнителни интерпретации на тешко постигнатиот компромис со помош на ЕУ. Наеднаш искажуваме задоволство што во овие значајни историски моменти и покрај обидите на поединци, не се дозволи да се нарушат меѓуетничките односи, ниту да се наметнат некои други сценарија или алтернативи, бидејќи членството во ЕУ нема алтернативи. Горди сме што на патот кон ЕУ граѓаните од сите етнички заедници, дејствуваат сплотени и единствени кога се во прашање европските интеграции и зачувувањето на македонскиот јазик и идентитет, се наведува во соопштението потпишано од Извршниот одбор на Советот на амбасадори.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ