• Latest

Грковска на состанок со експертите на USAID-CIDR Проектот: Во процесот на дигитална трансформација на општеството од клучна важност е засилувањето на сајбер безбедноста во нашата држава

July 14, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Грковска на состанок со експертите на USAID-CIDR Проектот: Во процесот на дигитална трансформација на општеството од клучна важност е засилувањето на сајбер безбедноста во нашата држава

July 14, 2022 15:04
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter
Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска имаше работен состанок со експертите и тимот на USAID-CIDR Проектот кои работат со CICWG – работната група за сајбер безбедност на критичната информациска инфраструктура на Република Северна Македонија, информираат од Владата.

На состанокот вицепремиерката Грковска се заблагодари на тимот на USAID-CIDR Проектот за дадената експертиза и постојната поддршка во оваа област и изрази подготвеност да ја поддржи координацијата на активностите меѓу секторите кои работат на зајакнување на капацитетот на критичната инфраструктура во земјата. Истовремено иницираше и координација со Естонските експерти кои веќе имаат изготвенo извештај за земјите од Западен Балкан во делот на сајбер безбедноста.
Вицепремиерката Грковска оцени дека во процесот на дигитална трансформација на општеството за Република Северна Македонија од клучна важност е засилувањето на сајбер капацитетот во нашата држава. Важно е сајбер безбедноста да не се третира како трошок во една држава, туку како инвестиција. Но истовремено, потенцираше Грковска, треба да се обрнува внимание и да се зголеми свесноста за сајбер безбедноста и кај граѓаните и кај бизнис секторот, посебно во делот на пријавување на сајбер напади.
Од страна на експертите и тимот на USAID-CIDR беа презентирани досегашните активности, но и предлозите за следните активности и моделот на 8+1 сектори на критична информациска инфраструктура, кој треба дополнително да се договори со носителите на секторите и регулаторите.
Со подршка на УСАИД, оформена е работна група за сајбер безбедност на критичната информациска инфраструктура каде учествуваат претставници од повеќето релевантни институции, како и од приватниот сектор кои се од клучна важност за нашата држава.
CICWG е форум креиран да ги олесни активностите кои се однесуваат на отпорноста на критичната национална инфраструктура за сајбер-безбедноста во Северна Македонија.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ