• Latest

Ковачевски: По 17 години чекање и многу разочарувања конечно добиваме официјален почеток на преговорите

July 14, 2022
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: По 17 години чекање и многу разочарувања конечно добиваме официјален почеток на преговорите

July 14, 2022 18:26
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Европски предлог за деблокирање на нашиот евроинтеграциски процес и за старт на преговорите на земјава со ЕУ на вистински начин ги отсликува нашите дефинирани позиции, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето пред пратениците по Информацијата за содржината на предлог-преговарачката рамка.

– Прво, јасно го прецизира македонскиот јазик како единствен, признат и прифатен јазик за Европската Унија. Тоа е тоа што го баравме. Нашата национална ДНК, македонскиот јазик, да биде службен и единствено официјален јазик. Да, со европскиот предлог, целиот процес на нашите преговори, сите милиони страници во годините што следат, заклучно со Актот за полноправно членство, ќе бидат напишани на македонски јазик. На македонски јазик ќе се зборува официјално и во Брисел и во сите европски престолнини. Тоа е најголемото достигнување, најважниот успех, истакна премиерот.

Тој потенцира дека сите билатерални прашања не се дел од Преговарачката рамка со Брисел и таа е ослободена од ваков тип на прашања и со европскиот предлог, се дефинира одржување на првата Меѓувладина конференција веднаш.

– Добиваме конечно, по 17 години чекање, и многу најави, и многу разочарувања по нив, официјален почеток на преговорите со средба на целата Влада со Европската Комисија. Со сите нишани и стандарди. Е тоа е, почитувани пратеници, единствената вистина во оваа олуја на манипулации, шпекулации, лажни вести и намерни и ненамерни штети и креирање криза и дестабилизација на државата. На ваков предлог, кој целосно ги отсликува нашите државни интереси и црвени линии, јас, Владата и Претседателот на државата, кажав и кажавме ДА, потенцира Ковачевски.

Тој нагласи дека целата Преговорачка рамка е доставена на увид на целата јавност за да биде се отворено и ништо сокриено и ништо тајно.

– Кажав ДА, затоа што мислам дека овој единствен, европски предлог е најдобро можно решение во моментов, но и во следниот период. Предлог кој ги задржува црвените линии и во исто време дава конечно почеток на преговори, додаде Ковачевски.

Тој потенцира дека со предлогот уште посилно ќе ги зацврстиме нашите темели, македонскиот јазик, посебниот и цврст историски, културен и национален идентитет и за тоа баравме и добивме најдобро можно решение.

– Денеска присуствуваме на исклучително значајна седница на Собранието. Иако многу пати во нашата историја, политичарите честопати ја доделуваат придавката „историска“, сепак, тоа сосема објективно ќе го сторам и јас, и ќе додадам – денес започнуваме историска седница. Историска седница, затоа што денес и во следните денови, одлучуваме за неколку фундаменти на нашата држава. И за подобра иднина, и за стабилна сегашност, но и за заштита и почитување на минатото, порача премиерот Ковачевски.

Тој потенцира дека причина за денешната дебата е единствениот предлог на Европската комисија, доставен на крајот на француското претседателство за дефинирање на почетокот на преговорите на земјава со Европската Унија.

– Сакам, јасно и прецизно да потенцирам неколку факти. Прво, точно е дека пред самитот на ЕУ во Брисел, добивме сет на идеи, а не официјален и формален предлог. За мене, за Владата и коалиционите партнери, за Претседателот на државата и убеден сум за сите граѓани на државата, тој концепт не беше прифатлив. И затоа, таму каде што треба, не под маса, не во ходник, не тивко, туку пред сите 27 лидери на членките на Унијата и пред целата европска јавност, кажав гласно, прецизно и јасно НЕ. Кажав НЕ, затоа што тој сет на идеи не беше во согласност со нашите консензуално дефинирани државни позиции потврдени тука во Собранието, со посебната Резолуција за црвените линии. Кажав НЕ, затоа што тој сет на идеи не го гарантираше статусот на македонскиот јазик во преговорите. Кажав НЕ, затоа што тој сет на идеи не дефинираше јасен почеток на преговори и упатуваше на промена на Уставот и затварање на билатералните прашања со источниот сосед, како предуслови. Кратко и јасно, кажав НЕ, затоа што таа основа не беше добра за македонската држава. И покажавме како се бранат државните и националните интереси, потенцира Ковачевски.

Тој нагласи дека не се застана тука, земјата на се предаде и Владата не одлучи да глуми лажен патриотизам.

– Напротив, продолживме да бараме решение кое ќе ги задоволи државните, но и националните интереси на македонскиот народ. На истите црвени линии, но и на истата обврска да започнеме преговори. Ние не прифаќаме и не водиме политика на „или или“. Ние водиме политика и за преговори за влез во ЕУ и за заштита на нашето достоинство, идентитет, јазик и историја, рече Ковачевски.

Тој потенцира дека како резултат на тоа и на поддршката на бројните европски пријатели, успеавме да добиеме единствен, формален, заокружен, заеднички предлог на Европската Унија.

– Имавме и досега тешки, но нужни одлуки. И кога го донесовме Рамковниот Договор, и кога се носеше Преспанскиот Договор. Но, државата опстои и не пропадна. Државата не се подели, напротив влезе во НАТО и денес имаме, во услови на војна и тотална криза, лична и колективна безбедност. И никој не успеал да го асимилира македонскиот или било кој друг народ во државата и во потешки времиња од сегашното. Векови се обидувале разни страни тоа да го направат. Не успеале тогаш, не успеале денес, нема да успеат ни утре. Бидејќи најдобра одбрана за идентитетот е токму прогресот на државата, движењето напред и конечна европеизација на државата, додаде Ковачевски.

Тој потенцира дека Владата нема да дозволиме, како во време на режимот, државата да се претвори во изолирана, затворена и криминална енклава, во која политичката елита безмислосно краде и разграбува, а граѓаните бараат туѓи пасоши и работа во странство.

– Ова е последна борба помеѓу деструкцијата и песимизмот и отвореноста и оптимизмот. Државата се гради секој ден, идентитетот и посебноста се почитува за навек, но се бранат секој ден. Пред се дома, но и надвор. Тоа најдобро се прави кога сте дел од прогресот, од развојот, од модерното и напредното. Нема да дозволиме, како во минатото, државата и граѓаните да живеат во постојана неизвесност, немир и дилеми што ќе биде утре. Нема да дозволиме државата да остане на опашката на Балканот, кога сите се движат напред, и покрај нивните проблеми од различен карактер, истакна премиерот.

Тој потенцира дека Владата цврсто ќе стоиме на патот на заштита на македонскиот јазик, посебниот историски и културен идентитет на македонскиот народ преку негова рамноправност со европските народи и на градење на државата како европските, со вредностите за почитување на правото, правната држава, еднаквоста, рамноправноста и развиената економија и животен стандард.

– И тоа го правиме и ќе го правиме со помош на овој предлог и наш влез во Европската Унија. Со прифаќањето на европскиот предлог, Преговарачката рамка и заклучоците на Собранието, остануваме на единствениот пат, за кој повеќе од 30 години, никој не понуди алтернатива. Многу значајно, почнуваме забрзано да се движиме и да ја менуваме државата, преку процесот на преговори, додаде Ковачевски/

Тој потенцира дека овој процес не завршува денес или утре, како што не започна денес, туку во 1991-та година со плебисцит на сите граѓани.

– Затоа, со цврста убеденост, со чиста совест и полно срце, предлагам да го прифатиме предлогот и да продолжиме напред, со заштитено минато, со извесна и стабилна сегашност во конечно подобра иднина. Ова го правам, не затоа што морам, не затоа што е лесно, туку затоа што силно верувам во исправноста. Вреди да се избориме и да работиме за тоа, на тој начин. Е затоа ја барам вашата поддршка и поддршката на сите граѓани. Бидејќи државата е заедничка за сите и на сите. Сосема на крајот, дозволете да цитирам: „Пиреј е троскотна трева, а некои ја викаат коштева. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да допре до земјата и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева.“-напиша Петре М. Андреевски. Јасно, силно, вековито. Да живеат граѓаните, да живее Република Северна Македонија, истакна премиерот во обраќањето.

За време на обраќањето на премиерот, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со труби и свирки правеа врева со цел да оневозможат да се слуша говорот. По завршување на неговиот говор следеше аплауз од пратениците од владејачките партии, додека оние од опозицијата скандираа предавник.

На почетокот на седницата собранието со 68 гласа „за“ и против „38“ го усвои дневниот ред на  81-вата седница на која единствена точка на дневниот ред е разгледувањето на Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на Европската унија на 30 јуни 2022 година.

Пред гласањето за дневниот ред, пратеникот Димитар Апасиев од Левица процедурално забележа дека во текот на денот во Собранието се шетаат со пиштоли лица кои не се од собраниското обезбедување.

Претседателот на Собранието Талат Џафери им појасни дека станува обезбедување на премиерот и на министрите и на останатите високи гости. – Во деловникот пишува дека е дозволено да бидат во Собранието додека се тука лицата кои ги обезбедуваат, рече Џафери.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ