МВР соопштува дека полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал и Оперативен тим потраги при СВР Скопје вчера го привеле Г.П. (43) од Скопје., поради тоа што на 05.07.2022 околу 21.00 часот, за време на одржување на јавен сoбир фрлал со камења кон полициските службеници и зградата на Собранието и физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејства.
Од МВР до надлежното обвинителство поднесена е кривична пријава за кривично дело „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по член 385 од КЗ, по што лицето е изнесено пред судија на претходна постапка.
Исто така, од страна на Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни деликти при СВР Скопје приведен е Р.А. (29) од Скопје, осомничен дека на 6 јули годинава околу 19:30 часот на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје поточно на плоштадот Скендербег, испукал со пиштол.
Според соопштението од МВР, од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал, извршен е претрес во неговиот дом, пиштолот е одземен, а во координација со јавен обвинител против Р.А. е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” предвидено и казниво по чл.288 од Кривичниот законик.
Денеска лицето е изведено пред Судија на претходна постапка.
М.Д.












