Соединетите Американски Држави ги поздравуваат важните чекори што Европската Унија ги презема за унапредување на интеграцијата на Западен Балкан во евроатлантската заедница преку отворање на пристапните преговори во ЕУ со Албанија и Северна Македонија, се наведува во изјавата на американскиот претседател Џо Бајден пренесена од Белата куќа во Вашингтон.
„Во моментот кога Русија го наруши мирот во Европа, поважно е од кога било да се поддржи стремежот на цела Европа за слобода и во мир. Демократски, безбеден и просперитетен Западен Балкан останува суштински за оваа визија. Соединетите Држави ќе продолжат да бидат силен и доверлив партнер додека тие нации работат на одбрана на човековите права, зајакнување на демократските реформи и поддржување на владеењето на правото.
Чекорите што ЕУ, Албанија и Северна Македонија ги презедоа во последните денови треба да ги инспирираат сите аспиранти за ЕУ во регионот да ја зголемат својата посветеност за зајакнување на нивните демократии.“, се наведува во изјавата од американскиот претседател Бајден.
Ј. Ѓ./Фронтлајн