• Latest

Вархеји: Не сакаме да губиме веќе ниту еден момент и веднаш почнуваме со „акито“

July 19, 2022

Пицула предупредува: Одложувањето на политичко решение ја турка Србија кон конфликти

November 4, 2025

Европската комисија денека ќе го презентира пакетот извештаи за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 4, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 4, 2025

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Вархеји: Не сакаме да губиме веќе ниту еден момент и веднаш почнуваме со „акито“

July 19, 2022 18:08
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска е важен момент за сите и влегуваме во нови односи. Не сакаме да губиме веќе ни еден момент и веднаш почнуваме со Акито, порача еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји  на воведниот состанок во Брисел со кој беше означен почетокот на скрининг процесот со Албанија и Северна Македонија.

-Скрининг процесот што го почнуваме денеска е првиот чекор што го правиме. Процесот што го почнуваме денеска се темели на добрата работа што ја завршивме досега. За ова се подготвувате со години и можам да кажам дека ќе бидеме со вас и дека ќе ја понудиме секоја помош што ќе ви треба, рече Вархеји.

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во своето обраќање на македонски јазик во седиштето на ЕУ истакна дека без помошта и поддршката на еврокомесарот Вархеји денеска немаше да бидеме тука.

–Патувањето што заеднички го почнуваме денеска нема да биде лесно, но знаеме дека нема да бидеме сами на тој пат. Сметаме на Европската комисија и да имаме дополнителна помош преку европските фондови. Ова е момент кој го чекаме веќе две децении, 21 година по потпишувањето на Спогодбата за асоцијација и стабилизација и 17 години по добивањето кандидатски статус заслужено сме денеска тука. Никогаш не отстапивме од транспонирање на европското законодавство, рече Маричиќ.

Веруваме, посочи, дека новата методологија ќе даде нов поттик на пристапните преговори.

-Очекувам да ја покаже и докаже својата основна цел динамизирање на пристапните преговори. За нас е многу важно да знаеме како ќе се примени. Би сакале да предложиме дополнителни состаноци на техничко ниво за вашите служби детално да информираат како ќе се одвива новата методологија за скрининг за да знаеме како и што  треба да направиме во годините што следат. Убеден сум дека врз досега научените лекции ќе може да се подготвиме подобро за скринингот, истакна Маричиќ.

Најави дека во наредните недели ќе се финализира и операционализира стратегијата за преговарање донесена во 2018 година. Како што кажа, ќе се зголемат и капацитетите за преведување на македонски јазик и ќе се создадат механизми за навремена комуникација со македонските граѓани.

-Нашата заложба да станеме полноправна членка на ЕУ никогаш не била доведена во прашање и убеден сум дека со скринингот ќе се засили. Се надевам дека и ЕУ ќе биде подготвена да не пречека. Почнуваме процес кој ќе бара ангажман на целото општество. Процес важен и не многу лесен, но кој ќе заврши со членство во ЕУ што е наш сон, истакна Маричиќ.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи го оцени денешниот ден како историски кој долго го очекуваме и во неколку владини состави работевме напорно за да се оствари.

-Патот до тука не беше ни малку лесен, но нема да се враќаме на минатото. Нашиот поглед е свртен кон иднината и обврските кои треба да ги исполниме. Од нас ќе зависи да ги мобилизираме нашите ресурси за што побрзо да дојдеме до европското семејство кон кое цивилизациски припаѓаме. Вашата поддршка и драгоцени упатства од сега ќе бидат уште попотребни. Ве уверувам дека нашиот тим е подготвен да ги исполни сите поглавјата, рече Османи.

На македонските граѓани им порача дека како и досега нема да ги изневерат и секојдневно ќе одговараат на нивните барања и грижи и додаде дека и досега немало компромиси за националното, етничкото и човечкото достоинство.

-Билатералните прашања кои не се копенхашки критериуми нема да бидат дел од Преговарачката рамка, рече Осамни и посочи дека земјава ќе остане доследна на спроведувањето на Преспанскиот и на Договорот за добрососедство со Бугарија. Тоа, како што кажа, го очекува и од другите партнери.

Вети дека во овие времиња полни со неизвесности цврсто ќе останеме на заедничката европска политика како што правевме и досега./МИА/

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    164 shares
    Share 66 Tweet 41
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ