ЦИВИЛ ќе одржи јавен настан на тема „Етничката омраза од собраниската говорница“ денеска (20 јули 2022 година), со почеток 13 часот, во прес центарот на организацијата во Бизнис Центарот „Палома Бјанка“.
На настанот ќе се говори за улогата на политичарите и нивното спознавање на мултикултурализмот, институционалната застапеност, (не)дискриминацијата на општествено и институционално ниво.
Учесници на панелот ќе бидат пратениците Зекир Рамчиловиќ, Љатифе Шиковска и Мартин Костовски.
Настанот ќе биде емитуван во живо, на Фејсбук страницата и видео каналот на Јутуб на ЦИВИЛ.
Настанот е дел од проектот „Чекор напред кон мултикултурно општество“, кој ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Министерството за надворешни работи и Европски прашања на Големото Војводство Луксембург.