• Latest

Пелоси се обрати во тајванскиот Парламент

August 3, 2022
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Емпатија кон суверенот

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на FRANCE24

Романија, Полска и Португалија денес гласаат на тесни и неизвесни избори, клучни за нивната иднина

May 18, 2025
Депортација на кримските Татари, 1944 (фото извор Ukrainian Institute of America)

ЦИВИЛ го одбележува 18 мај: Солидарност со кримските Татари против историските и тековните репресии

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBC News

ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Хамас предлага ослободување на повеќе заложници во новите разговори за прекин на огнот по израелската офанзива

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Во Ватикан се одржува инаугурациската миса на папата Лео XIV, Зеленски и Џ. Д. Венс меѓу присутните

May 18, 2025

Ден на сеќавање на жртвите од геноцидот врз кримскотатарскиот народ и Ден на сеќавање на жртвите од политичките репресии: Русија го наследи советскиот систем на репресија, криминал и убиства

May 18, 2025
Фотомонташа: Скриншот од видео на ЕВН/ екран од мобилен

Пола Македонија рано утрово без струја, телефоните за пријавување дефекти на ЕВН останаа „глуви“

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Двајца загинати и 19 повредени при судир на брод на мексиканската морнарица во Бруклинскиот мост

May 18, 2025
Фотографија: Скриншот платформа Х

Макрон повика да се инвестира во Албанија, која во 2027 година ја гледа во ЕУ

May 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Пелоси се обрати во тајванскиот Парламент

August 3, 2022 09:06
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter
Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси денеска во тајванскиот Парламент изјави дека оваа островска држава е „едно од најслободните општества во светот“. Пелоси ја пофали претседателката Цаи Инг-вен и повика на зајакната меѓупарламентарна соработка, пренесува МИА.
Таа таму пристигна доцна синоќа на ненајавено, но внимателно следено патување, велејќи како тоа ја покажува непоколебливата посветеност на САД за самоуправниот остров, за кој Пекинг тврди оти е дел од Кина.
Според Пелоси, сега повеќе од кога и да е, американската солидарност со Тајван е клучна. Како што таа додаде, американската одлучност да ја зачува демократијата во Тајван и во остатокот од светот и понатаму е цврста.
Таа истакна дека новиот американски закон, насочен кон зајакнување на американската индустрија за чипови во конкуренција со Кина, „нуди поголеми можности за економска соработка на САД и Тајван“.
Пелоси не е првата претседателка на американскиот Претставнички дом, која допатувала на Тајван, Њут Гингрич го посети во 1997 година. Посетата на Пелоси е во момент кога односите меѓу Пекинг и Вашингтон нагло се влошија, во период кога Кинга е помоќна економска, воена и геополитичка сила, отколку што беше четвртина век порано.Кина го гледа Тајван како дел од својата територија и никогаш не се откажа од употреба на сила, настојувајќи да го стави под своја контрола.

САД ја предупредија Кина да не ја користат оваа посета како изговор за воена акција против Тајван.

Американската посета на Тајван на највисоко ниво во изминатите 25 години, Кина ја осуди како закана за мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец. Земјата одговори со низа воени вежби, со повик за разговор на американскиот амбасадор во Пекинг и со најава за прекин на увозот на неколку земјоделски производи од Тајван.

Тајванското Министерство за одбрана денеска соопшти дека кинеските вежби со боева муниција околу овој демократски остров неделава, ја покажале намерата на Пекинг да ги уништи регионалниот мир и стабилност.

Според портпаролот на Министерството за одбрана, Тајван го зголеми нивото на подготвеност и ќе реагира на време и соодветно на вежбите.

Долгогодишната критичарка на Кина, особено кога станува збор за човековите права, Пелоси денеска треба да се сретне и со поранешен активист на плоштадот Тјенанмен, книжар од Хонгконг кој беше уапсен од Кина и тајвански активист од неодамна ослободен.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    95 shares
    Share 38 Tweet 24

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ