• Latest

„Прохор Пчински“ камен темелник на државното и црковното пријателство меѓу Србија и Северна Македонија

August 3, 2022
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Прохор Пчински“ камен темелник на државното и црковното пријателство меѓу Србија и Северна Македонија

August 3, 2022 11:50
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Откривањето на спомен плочата посветена на одржувањето на АСНОМ, кога се удрени темелите на македонската државност, во манастирот „Прохор Пчињски“ од страна на српските власти, како и одржувањето на заедничката литургија на владиците на СПЦ и МПЦ-ОА, го наговестија она што го порача претседателот Стево Пендаровски, дека тоа ќе биде камен темелник на новите односи и оти ако не се почитуваат нашите и српските свети места од минатото, нема да имаме никаква иднина во билатералните односи, јави дописникот на МИА од Белград.

– Ова е местото каде што е формирана современата македонска држава. Од различни причини не можевме да дојдеме тука и на ова место тука да го прославиме тој празник, па правевме некакви алтернативни, паралелни прослави во близина, но не и овде, кадешто е навистина одржано историското заседание на АСНОМ. Јас се надевам дека ова е почеток на една добра традиција, во која 2 Август, ова е нашиот втор Илинден, ќе го прославуваме тука, и од тука натаму, како велат старите, со сите нишани ќе доаѓаме да одадеме почит на оние кои ја формирале македонската држава во 1944 година, изјави претседателот Пендаровски.

Пендаровски, кој заедно со надлежните владини министерства, по 18 години пауза, политички го „издејствува“ одбележувањето на Илинден во манастирот „Прохор Пчински“ тоа и го најави откако доби „благослов од српскиот Патријарх Иринеј и поддршка од претседателот Александар Вучиќ“, а го потврди и министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ, кој ја предводеше српската државно-црковна делегација во Прохор Пчински.

– За тоа сведочи политиката на Србија, која е решена да ја зајакне политиката на добрососедство, соработка и заеднички живот со соседите. Така, како што е и во рамки на иницијативата Отворен Балкан, која претседателот Вучиќ ја иницираше со премиерите на Македонија и Албанија, се обидуваме да покажеме колку духот на толеранција и пријателство е нешто што секогаш ќе го надмине духот на нетолеранција и непријателства, рече Селаковиќ.

Пендаровски потсети дека Скопје и Белград имаат стар договор од 2000 година околу одбележување на културно-споменични обележја во двете земји.

– Мислам дека тоа можеби послужи како правна основа брзо да ја направиме таа работна група и за следниот пат да ги имаме сите оние обележја кои ги имало ова место во времето кога било одржано историското заседание. Меѓутоа, морам уште еднаш да ги пофалам и да им оддадам почит на српските домаќини, затоа што успеаја за рекордно кратко време оригиналната плоча која не можеа да ја најдат да направат нова со оригиналниот текст и пред која денеска се поклонивме, рече Пендаровски.

Спомен обележјето, поставено од српските власти, на кое двојазично, на македонски и српски јазик пишува „На 2 август 1944 година на ова место е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на Народното ослободување на Македонија, каде народните изабраници донесоа историски одлуки со кои се воспостави државноста и самобитноста на македонскиот народ, изразувајќи ја својата определба да живеат заедно со народите на Југославија“ како и утринската заедничка литургија за Св.Илија со која чиноначалствуваше Врањскиот епископ г.Пахомије, а сослужуваа Кумановско-осоговскиот митрополит г. Григориј и епископот Стобиски г. Јаков од МПЦ-ОА и епископот Давид од ПОА, се настани, според кои, како што рече претседателот Пендаровски „идејата е постојано да се слави празникот на ова место“.

– Јас мислам дека идејата е не да дојдеме само оваа година, туку од оваа година натаму постојано тука да го славиме. Знаете, има нов контекст во политичките односи, ние никогаш не сме имале проблеми, меѓутоа меѓу црквите постоеја одредени проблеми кои се разрешени од мај оваа година и мислам дека тоа треба да го искористиме, дополнително да го зацврстиме тоа и црковно и државно пријателство меѓу двете држави и двата народа. Не верувам, такво уверување добив од моите домаќини, дека ова се случува само сега и дека е ПР-настан – сакаат само да се пофалат. Не, ова треба да биде еден камен-темелик, значи да положиме темелник на новите односи и во оваа смисла, оти ако не ги почитуваме светињите, ако не ги почитуваме светите места наши и нивни од нашето минато мислам дека немаме никаква иднина во билатералните односи, изјави Пендаровски.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ