Во годишниот извештај на „Global Firepower“ во кој се рангира воената моќ на секоја земја, први на листата се САД, втора е Русија, по што следуваат Кина и Индија. Во топ десетте најсилни армии уште се и Јапонија, Јужна Кореја, Франција, Велика Британија, Пакистан и Бразил.
Финалното рангирање на Global Firepower користи над 50 индивидуални фактори за да го одреди резултатот PowerIndex на одредена нација („PwrIndx“) со категории кои се движат од воена моќ и финансиски средства до логистичка способност и географија.
Во регионот најдобро рангирана воена сила е Грција, на 27 место, следува Србија на 61 место, веднаш зад неа е Хрватска која е на 62-ро место, Бугарија е на 67 место, Црна Гора на 132 место, Албанија на 115, Босна и Херцеговина на 123, Северна Македонија на 135, Косово на 140 место од 142 земји. Последни на листата се Исланд и Бутан.
М.Д.