• Latest
Фото: Мартина Ацковска / Фронтлајн

Маричиќ: Сè подобро ги користиме ЕУ фондовите со кои се забрзува усогласувањето со стандардите на ЕУ

August 17, 2022

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

November 7, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Маричиќ: Сè подобро ги користиме ЕУ фондовите со кои се забрзува усогласувањето со стандардите на ЕУ

August 17, 2022 15:04
in ВЕСТИ
Фото: Мартина Ацковска / Фронтлајн

Фото: Мартина Ацковска / Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, на денешната прес-конференција ја презентираше искористеноста на ЕУ фондовите, Инвестициската рамка со европски средства за Западен Балкан и што се планира во новиот ИПА 3 концепт за периодот 2021-2027 година, истакнувајќи дека сè подобро и подобро ги користиме фондовите на Европската унија, информираат од СЕП.

Северна Македонија учествуваше во сите 28 повици за техничка помош кои се досега објавени и на сите седум повици за инвестициски грантови.  Притоа одобрени се 43 грантови во вредност од 2,6 милијарди евра, за вкупна вредност на инвестиции од 421.4 милиони евра, надополнети со заеми од околу 600 милиони евра. Доколку овој износ се подели со бројот на население доаѓаме до скоро 230 евра  по глава на жител, што ја става нашата земја на второ место по искористеност на европски средства од инвестицискиот фонд за Западен Балкан, веднаш после Црна Гора, рече вицепремиерот и Национален ИПА координатор, Маричиќ.

Според него, само со максимално искористување на европските пари ќе може да продолжиме со забрзан процес на реформи кои се неопходни во процесот на напредување кон членство во Унијата, и сето тоа со една единствена цел – подобар, полесен и помирен живот за граѓаните.

-На крајот на јули 2022 година, Европската унија ги одобри првите проекти за спроведување на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан.  Ние аплициравме со четири инвестициски проекти и добивме поддршка за секој од нив во износ од 225,6 милиони евра.  Одобрените се: Проектот изградба на железница помеѓу Северна Македонија и Бугарија во рамки на Коридорот 8, секција Крива Паланка – граница со Бугарија, доделен е грант во износ од 149.2 милиони евра, проектот за набавка на опрема за Осломеј 1 – Фотоволтаична станица доделен е грант за Северна Македонија во износ од 1.6 милиони евра, Проектот за набавка на опрема за Осломеј 2 и Битола – Фотоволтаична централа доделен е грант во износ од 5 милиони евра и проектот за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Скопје доделен е грант во висина од 69.8 милиони евра, истакна Маричиќ.

Вицепремиерот посочи дека со почетокот на скринингот, а многу повеќе со отворањето на поглавјата, граѓаните ќе го оценуваат напредокот на земјата токму низ имплементацијата на европските стандарди во сите сфери на општеството и информираше дека на почетокот од 2023 година следува нова инвестициска офанзива.

-На тековниот повик за инвестициски грантови, Северна Македонија учествува со три нови проекти во вкупен износ од 53 милиони 15 илјади и 968 евра и тоа: Два проекти од областа на енергетиката, и тоа реновирање на шест хидроцентрали и изградба на ветернички парк во Богданци и еден од областа на заштитата на животната средина, изградба на регионални центри за цврст отпад во Полог, Пелагонија, Вардар, Југо-западен и Југо-источен регион, рече Маричиќ, додавајќи дека во соработка со Германската развојна Банка ќе се работи на енергетска ефикасност на сите студентски домови во државна сопственост.

На прес-конференцијата вицепремиерот за европски прашања, Маричиќ, говореше и за новиот концепт на ЕУ за поддршка на земјите од Западен Балкан, ИПА III, за која веќе е подготвен Стратешки одговор за користење на оваа Програма за периодот 2021-2027 година. Истата за 2023 година е  во прва фаза на одобрување односно во јули 2022 година доставени се акциски фишеа, а предвидува ЕУ финансирање од 68 милиони евра, за кои дополнително ќе биде обезбедено национално ко-финансирање.

Дополнително вицепремиерот и Национален ИПА координатор Маричиќ информираше дека Европската комисија ја усвои и програмата за ИПАРД 3 во која се доделени 97 милиони евра, европски средства кои ќе се искористат за поддршка на инвестиции во нова земјоделска механизација, изградба на сточарски и живинарски фарми, винарии, млекари, кланици, ладилници, инвестиции во рурален туризам, поддршка за мали бизниси во рурални средини и подобрување на руралната инфраструктура.

-Владата покажа дека постои политичка волја за најважните и сеопфатни политички прашања од процесот на пристапување во ЕУ. Се поставуваме одговорно и во плановите да се подготвиме што е можно подобро и со помош на фондовите на ЕУ, да продолжиме со усогласувањето со правото и стандардите на ЕУ, потенцира на денешната прес-конференција вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

М.Д.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ