• Latest

Зеленски: Само апсолутната транспарентност и контрола на ситуацијата на и околу АЕЦ Запорижја може да гарантира враќање на нормалната нуклеарна безбедност

August 18, 2022
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
European Union, 2023 - Source: EP - Laia Ros

Меѓу домашните слабости и европските преседани: Што навистина значи извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија?

June 17, 2026
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Зеленски: Само апсолутната транспарентност и контрола на ситуацијата на и околу АЕЦ Запорижја може да гарантира враќање на нормалната нуклеарна безбедност

August 18, 2022 12:15
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Украинските дипломати, нашите нуклеарни научници и МААЕ се во постојан контакт, сега работат на испраќање на мисијата на МААЕ во АЕЦ Запорижја. Само апсолутната транспарентност и контрола на ситуацијата во и околу АЕЦ Запорижја за украинската држава, за меѓународната заедница и за МААЕ може да гарантира постепено враќање на нормалната нуклеарна безбедност, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното видео обраќање.

Тој нагласи дека руската армија мора да се повлече од територијата на АЕЦ и од сите соседни области и да ја одземе воената опрема од станицата. Тоа треба да се случи без никакви услови и што е можно поскоро.

Зеленски истакна дека Украина е подготвена да обезбеди соодветна контрола од страна на МААЕ, а соодветната мисија може да биде испратена до АЕЦ Запорижја на легален начин, многу брзо и што е можно поефикасно.

Соопшти и дека генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш веќе пристигнал во Украина и ќе работат на потребните резултати за Украина.

Тој ги повика Чилеанците и сите слободољубиви луѓе во Латинска Америка да ја шират вистината за војната на Русија против Украина и да ја поддржат политиката на санкции чија цел е терористичката држава да плати највисока можна цена за теророт.

Претседателот информира дека потпишал нови укази за наградување на украинските војници. На 230 војници на Вооружените Сили на Украина им беа доделени државни награди, од кои 43 постхумно. Исто така, на 24 вработени во Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина им беа доделени државни награди.

Сите наши војници – нашата армија, нашето разузнавање, граничарите, Националната гарда, СБУ и сите вклучени во заштитата на нашата држава и народ прават се што е можно за да ги победат руските терористи и да ги истиснат од украинската земја, нагласи Зеленски.

Украинскиот претседател информираше  најтешките борби во моментов кои се водат од Авдијивската насока, Бахмутската насока, Харкивската област и некои други . Се заблагодари на сите што го издржуваат овој притисок, што ги бранат позициите и им помагаат на војниците. Во Запорижската област, посочи Зеленски, во некои региони на југот на земјата, окупаторите се обидуваат да ја подобрат својата состојба, но стратешки тоа е безнадежно за нив.

Украинските војници чекор по чекор ќе го уништуваат потенцијалот на окупаторите и ќе дојде ден кога непријателот ќе загине во Запорижја, на југ, на исток од земјата и на Крим. Напаѓачите ќе умрат како роса на сонцето, а нашата одбрана е и ќе биде ова сонце, дециден е Зеленски.

Подготви: Д.Мишев

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ