• Latest

Петровска од свеченоста за Денот на Армијата: Tриесет години посветено ги поместуваме границите на невозможното

August 18, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Петровска од свеченоста за Денот на Армијата: Tриесет години посветено ги поместуваме границите на невозможното

August 18, 2022 15:22
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, денеска се обрати на Централната свеченост по повод Денот на Армијата во касарната „Илинден“ во Скопје, фокусирајќи се на достигнувањата во триесет годишното постоење на Армијата, клучните одлуки донесени во овој изминат период, местото на Армијата во општеството како институција со најголема доверба, како и процесите на развој на одбраната, модернизацијата на Армијата и развојот и мотивацијата на сите армиски припадници и службеници во одбраната, информираат од Министерството за одбрана.

„Денес 18 ти Август одбележуваме триесет години и од формирањето на Армијата, нејзиното организациско поставување и делување со голема чест но и благодарност говорам за резултатите на сите изминати генерации – вработени, војници, офицери, подофицери, генерали, началници, Врховни команданти и Министри за одбрана, истакна Петровка.

На почетокот таа истакна дека мора да се потсетиме на сите оние кои како припадници на Армијата ги дадоа своите животи за нашата земја.

Тоа е највисоката цена, што некој може да ја плати и ние сме им благодарни. Нека им е вечна славата!
Тоа не е форма, не е само реченица – тоа е реалност со вечна благодарност и спомен за нив, рече министерката.

Нагласи дека триесет години постоење е долг период во кој сите ние го паметиме како време во кое трудољубиво се поместувани границите на сопствените достигнувања. Армијата на Република Северна Македонија била и останува носечки елемент во системот на национална безбедност и одбрана и дел од колективните системи за етаблирање и за развој на обраната, пробивот во меѓународната безбедност и реалните дострели.

Петровска го истакна заслуженото место што денес Армијата го има дома и во НАТО Алијансата е постигнување за кое се имаат заложено многу поединци, поранешните Претседатели, Влади, Министри за одбрана, Началници на Генералштабот, старешини, војници и вработени.

Но, тoa не би било возможно, ниту пак доволно, без патриотизмот на тогашните први регрути и идеите и иницијативите на првите стратешини, без поддршката и плодната соработка со првиот состав на Собранието, Владата, Министерствата, Генералштабот, како и без добрaта интеракција со сите војници офицери и подофицери, за што денеска, и од тука ја изразувам мојата Благодарност, рече Петровска.

Таа посочи дека Армијата е еден од столбовите и чувар на државниот суверенитет сиве години, секогаш кога за тоа има потреба, беше со граѓаните, но и во поддршка на институциите.
Истакна и дека нашата држава како и во сите други области и во безбедноста по три децении го заокружи процесот на формирање на безбедносната заедница според моделите на модерните европски држави.

На сите нас ни стои обврската, се што е постигнато во изминатите три децении да биде чувано и надополнувано со поголеми резултати, кои во иднина ќе сведочат за успесите на припадниците на Армијата со кои ќе се гордеат и следните генерации, рече Петровска.

Според министерката, Република Северна Македонија денес има современ безбедносен систем оспособен да одговори на сложени безбедносни ризици. Систем кој постојано се модернизира и приспособува.
Нашата Армијата докажа и покажа дека е достоинствен партнер во меѓународните мисии за што Република Северна Македонија стана земја за почит, го подобри нашиот углед кај земјите членки и на НАТО и на ЕУ.

Таа посочи дека Армијата се покажа на највисоко ниво на подготвеност и во сите елементарни и други непогоди, кои и се случија на оваа држава, се покажаа достоинствено во заштитата на нашите државни граници од 1990 година па се до примопредавање на должноста на полицијата.

Пред 30 години првите луѓе на тогашното државно раководство, на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата го направија тоа што од нив се бараше. Ја формираа Армијата што многу и беше потребна на оваа држава. Тоа го направија со мудрост и без пролеана капка крв., истакна министерката.

Петровска дополни дека и тогаш а и денес не е битно дали Армијата е таа голема или мала, она што е важно дека таа е гарант за сигурноста на граѓаните, сигурноста за економскиот развој на државата и безбедноста на институциите и така тие знаат дека постои Армија што е нивен заштитник.

Формирањето на Армијата и нејзиното издигнување се поврзува и со фактичкото профункционирање на македонската независност. Таа се формираше во еден исклучително сложен амбиент кој се менуваше на дневна основа со високи амплитуди на промени. Македонската војска пред 30 години се градеше според тогашните политичко – воени состојби пред се на Балканот, потоа ни и спрема можностите и безбедносните потреби на земјата. Денес македонската Армија ги вградува стандардите на НАТО Алијансата и се гради според национални потреби и колективниот систем за одбрана, нагласи Петровска.

Според Петровска, довербата и интегритетот на Армијата кај граѓаните за нас е “јавното добро” што грижливо и одговорно го чуваме, и правиме тоа да биде неисцрпливо. Модернизацијата, развојот на човечките и материјални капацитети, одржливоста, доброто управување и прецизната регулација, како и растечката и императивна цел за заштита на безбедноста и стабилноста, се суштински елементи за неопходното зајакнување на довербата.

Во таа насока, нашата агенда е јасен отсјај на целта кон која сме свртени, но и поттик за важноста од интегрирање на факторите во безбедносно одбранбениот систем. Силната корелација помеѓу безбедносните ризици и закани, состојбата во регионот и на европскиот континент, треба добро да се искористи. Министерството за одбрана останува посветено во спроведувањето на сите мерки и активности кои се предвидени во Долгорочниот план за развој на одбранбените способности, но и Стратешкиот концепт на НАТО како и Концептот МКД Одбрана 2030, рече Петровска.

Таа потсети дека наша обврска е да останеме постојан и кредибилен партнер на НАТО, но пред се и над се со целосна отеченост пред граѓаните со цел да ја оправдаме највисоката доверба која ја имаме од нив како Армија бидејќи во неа нема место за партизација и тесни интереси на поединци, групи и било која политичка партија.

Во Армијата сите се под исто знаме!, нагласи министерката.

Петровска се обрати кон припадници на Армијата:

Денес е вашиот ден, но не само денес, за нас, за мене како министерка за одбрана, најважен е секој припадникот на Армијата и секој службеник во Министерството за одбрана, кажа Министерката.

Таа нагласи дека мотивацијата кај вработените значи и силна институција, подготвена да се справи со сите предизвици.

Го вративме достоинството на „луѓето во униформа“ и ги направивме достојни за нивното место во општеството како лица во кои граѓаните имаат најголема доверба. Денес го развиваме најважното – човечките капацитети во системот за одбраната!, нагласи Петровска.

Таа истакна дека сите права кои досега ги добиле се заслужени,тие не се изнудени затоа што без нив нема Армија и нема одбрана! И затоа и во иднина дијалогот со нив ќе продолжи за поголемо унапредување на нивната положба.

Вие продолжете да ја чувате државата, а ние посветено уште повеќе ќе се грижиме за сите вас! Денот на Армијата ги обединува историјата на создавањето на Македонската државност. ДА НИ Е ВЕЧНА АРМИЈАТА!
ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА!“, кажа на крајот од своето обраќање министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

М.Д.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ