• Latest

Маричиќ: Единствен секретаријат на преговарачкиот процес е Секретаријатот за европски прашања

September 5, 2022
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Маричиќ: Единствен секретаријат на преговарачкиот процес е Секретаријатот за европски прашања

September 5, 2022 13:32
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со официјалниот почеток на преговорите во јули оваа година се наметна потребата за итно консолидирање на координативниот механизам за водење на пристапниот процес. Според мене, клучната алка која ќе обезбеди координација и поддршка на сите реформи поврзани со евроинтегративниот процес и имплементација на Спогодбата за стабилизација и асоцијација (која останува во сила се до потпишувањето на пристапниот договор за членство во Унијата), изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, на заедничката прес конференција со премиерот Димитар Ковачевски, за усвоената преговарачка структура.

Маричиќ ги претстави точките од усвоената структура за преговори за членство во ЕУ.

На денешната тематската владина седница ја усвоивме Одлуката за воспоставување на структура за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија.

Во 2019 година, Владата донесе сет одлуки со кои се воспостави механизам, но се утврди потребата истиот да се промени заради следните причини:

● Процесот на проширување е сменет, а критериумите за членство во Европската Унија се изоструваат, особено  со ревидираната методологија за пристапни преговори од 2020 година,

● Заради големиот број на новини во процесот, нема модел на искуство кој би можело да се земе предвид од земјите кои до сега преговарале или се уште преговараат. Затоа ни треба наш автохтон нов модел за координација, кој во целост ќе ги рефлектира новините од ревидираната Методологија за пристапни преговори, од март 2020 година,

● Новата Методологија исто така наметнува многу пополитички пристапни преговори, на начин што целокупниот процес на преговори го подигнува на многу повисоко политичкото ниво и тоа во сите фази од преговорите.

Со денешната одлука на Владата за ревизија на координативниот механизам за пристапни преговори, се одлучуваме за нова структура која го поедноставува механизмот, и воедно ќе го направи хиерархиски и командно пофункционален, поефикасен и поефективен.

Што е тоа што го предвидува оваа преговарачка структура?

Заради зголемена ефикасност на функцијата при водењето на преговорите, се воспоставува „главен преговарач“, функција која ќе ја извршам јас, како Заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања, а која ги спојува и политичките и техничките елементи од преговорите.

За да се обезбеди хиерархиска и командна конзистентност ќе има позиција „Заменик на главниот преговарач“, функција која ја врши државниот секретар за европски прашања, кој воедно е и претседавач на Комитетот за стабилизација и асоцијација, г-ѓа Дрита Абдиу Халили.

Телата коишто беа предвидени со Одлуките од 2019 година остануваат, односно:

1. Комитетот за преговори, претседаван од претседателот на Владата Ковачевски, како највисоко политичко работно тело на Владата за координација на пристапните преговори. Во ова тело членуваат четирите вицепремиери, министерот за надворешни работи и финансии.

2. Државната делегација за преговори, која ќе ја предводи министерот за надворешни работи Бујар Османи, како шеф на делегацијата, а во неа членуваат главниот преговарач, односно јас,  заменикот на главниот преговарач и шефот на мисијата при ЕУ. Истата ќе ги презентира официјалните преговарачки позиции на Меѓувладините конференции.

3. Групата за преговори, е стручно тело на Владата за координација со институциите и подготовка на предлог-преговарачките позиции, помошно тело на главниот преговарач, а во неа членуваат и заменикот на главниот преговарач, членови задолжени за одредени кластери, области и поглавја од преговорите. Како дел од групата за преговори, меѓу другото, се воведуваат и три нови позиции:

– Главниот економист ќе врши хоризонтална координација на економските политики и соодветните поглавја поврзани со нив

– Следењето и координацијата на сите акти од правен аспект како и оформување на содржината на нацрт пристапниот договор ќе го врши главниот правник

– Главниот анти-корупционер ќе врши хоризонтална координација на сите политики во борбата против корупцијата и спречувањето на судирот на интереси.

4. Работниот комитет за европска интеграција,  го сочинуваат претседател – главниот преговарач, неговиот заменик, државните секретари на сите институции, генералниот секретар на Владата, секретарот на Секретаријатот на законодавство како и членовите на групата за преговори. Ова тело ќе го следи спроведувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација и ќе ги координира активностите поврзани со пристапните преговори. Покрај државните секретари на сите институции ќе го дополниме и со членовите на групата за преговори.

5. Работните групи за пристапни преговори, се помошни тела на работниот комитет за европска интеграција, сега организирани според новата методологија за преговори, по Кластери, по области и по поглавја и истите ќе учествуваат во подготовка на анализи за степенот на усогласеност на националното законодавство со правото на Унијата и подготовка на нацрт-преговарачки позиции.

Единствен секретаријат на преговарачкиот процес е Секретаријатот за европски прашања со оглед на тоа што надлежностите и улогата на СЕП вклучително и за координација на целокупниот процес на пристапни преговори е регулирана во Законот за Владата.

СЕП ќе биде и депозитар на целокупната документација поврзана со пристапните преговори. Во сите работни групи ќе има координатор од СЕП надлежен за методолошките и процесните аспекти и координација со останатите тела на структурата за преговори. Воедно, СЕП презема надлежност и во подготовката на потребните правни акти со кои ќе се дефинираат процедурите на работење на телата.

Заради важноста и улогата на Собранието во процесот на донесување на законските прописи – неговата улога во пристапните преговори, ќе се дефинира со меѓусебно договорен акт, пред се со Комисијата за европски прашања и Националниот совет за европска интеграција, во кој ќе биде додадена улогата на опозицијата. Во наредните денови планирани се и средби со претседателот на Националниот совет за европска интеграција, со што подаваме рака да се вклучат во процесот.

Дополнително, ќе биде дефиниран механизам за утврдување на начинот и динамиката на информирање на Претседателот на Северна Македонија за пристапните преговори.

Одлуката за воспоставување на структура за преговори предвидува можност за претставниците на граѓанскиот сектор да учествуваат во работата на работните групи. Јас веќе одржав неколку средби и консултации и тоа ќе продолжи и во наредниот период за заеднички и инклузивно да дефинираме модел за соработка.

Свое место во процесот на преговори ќе има и бизнис заедницата бидејќи воведувањето на новото европско законодавство и стриктната примена на европските технички стандарди имаат директно влијание на економските оператори и нивната конкурентност на домашниот и меѓународниот пазар.

Ќе се воспостави и соработка со академската заедница во пристапните преговори, како и со локалната самоуправа затоа што добар дел од новото европско законодавство што ќе се транспонира во домашниот правен систем, ќе се спроведува на локално ниво.

Целта која си ја зададовме е – завршување на преговорите до крајот на оваа декада и членство во Унијата до 2030. Нашата иднина е во ЕУ, и затоа потребно е преку максимална посветеност и ангажираност, да се вклучиме, да ја искористиме шансата која е пред нас, и со брзи чекор и самоуверено да одиме напред кон полноправното членство во ЕУ. Следува динамичен период за институциите и администрацијата, каде имаме за адресирање бројни аспекти во 6 кластери, 3 области и 33 преговарачки поглавја, посочи Маричиќ.

Искрено само низ целосна мобилизација на сите ресурси со кои располага државата, ќе имаме ефикасно спроведување на потребните реформи и подготвеност за следната фаза – отворањето на Кластерите.

Пред нас е тешка задача, која е остварлива бидејќи имаме јасна поставена цел и визија за нашата држава.

Околу таа визија и оваа стратешка цел мора да се обединат сите, вклучувајќи ги и опозициските партии, бидејќи ова е процес од интерес на државата. Целосно сме подготвени за почеток на скрининг процесот и убеден сум дека ќе ја исполниме динамиката на предвидената рамка за завршување на процесот, изјави Маричиќ.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ