• Latest

Ковачевски: Имавме многу предизвици, но денес сме земја-членка на НАТО која започна преговори со ЕУ

September 8, 2022
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Ковачевски: Имавме многу предизвици, но денес сме земја-членка на НАТО која започна преговори со ЕУ

September 8, 2022 12:53
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање при посетата во ГОБ „8 Септември“ истакна дека за да може да се одговори на прашање каде е нешто во моментов, треба да видиме од каде тргна државата пред 31 година.
„Ние пред 31 година прогласивме независност, граѓаните на референдум се изјаснија за слободна, суверена, независна Македонија, држава која помина низ социјална, економска и општествена трансформација, оние кои што беа во 91-та година можат да им кажат на помладите дека бевме држава која што требаше да воведе своја платежна единица – денарот, држава која што требаше да формира практично од ништо своја јавна администрација, своја независна војска, но истовремено работејќи и на остварувањето на стратешките цели на државата. Ние уште при формирањето на државата се определивме за членство во НАТО и членство во ЕУ.  На тој пат моравме да донесеме тешки одлуки, не заради себе, често пати заради геополитички и регионалните влијанија, често пати и заради лоши судии, меѓутоа граѓаните заедно со политичарите кои што беа секогаш прогресивни, тие што ги носеа одлуките, донесоа тешки одлуки и денеска сме членка на НАТО, гледаме колкаво е значењето во една војна која што се води во Европа, и отпочнавме преговори со ЕУ“, рече Ковачевски.

Премиерот Ковачевски подвлече дека државата и покрај промените во економскиот, социјалниот, општествениот систем, претрпе големи промени и во делот на индустријата.

„Нашата индустрија и нашето стопанство помина низ еден тежок период на трансформација каде што беа изгубени најголемиот дел од пазарите до 90-тите години, кои што беа во бившите републики од Југославија и мораше да се изнајдат нови пазари, да се работи на преструктуирање на индустријата. Ако денес погледнеме нашиот БДП веќе го сочинуваат нови индустрии од ИТ секторот, од аудио-визуелните уметности итн. Ако ги погледнеме и уписите на факултетите гледаме дека е навистина една голема гордост што студентите се запишуваат на техничките факултети, особено на Факултетот за информатички технологии. Сето тоа се постигнувања кои што ги направиле нашите граѓани и кои што направиле подобро место за живеење во 2022 година, во однос на она што беше во 1991 година“, рече Ковачевски.

Премиерот Ковачевски додаде дека во овие 31 година независност поминавме многу предизвици како ембаргото од Грција, од атентатот на претседателот Киро Глигоров, потоа несреќата во која што загина прерано претседателот Трајковски.
„Во 2001 година имавме конфликт во државата, меѓутоа со помош на дијалог, со помош на единство, со помош на рационално однесување на далекугледите и прогресивни политичари во државата ние денес сме држава која што ги има решено сите отворени прашања со соседите. Ние сме етаблирана држава во меѓународни рамки, членка на НАТО и до 2030 ќе станеме членка и на ЕУ , тоа се големи постигнувања пред се на македонските граѓани, без разлика на нивната етничка, политичка, било каква друга припадност“, заклучи Ковачевски.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ