• Latest
Војо Маневски

Магнетизам

September 14, 2022

24 ЧАСА: Уставен остана без судија; Љубчо Георгиевски за општеството на српска страна за геноцидот во Сребреница; Антимигрантска параноја; Романија избра проевропски претседател

May 19, 2025
Фото: ЦивилМедиа

Конференцијата „Сребреница – совеста на светот“, на 30 годишнината од геноцидот во Сребреница – демократски одговор на антицивилизациското негирање на геноцидот

May 19, 2025

Оливие Ведрин: Престанете да ѝ помагате на Украина да преживее, помогнете ѝ на Украина да победи

May 19, 2025
Фото: Фејсбук страна Meanwhile in Ukraine

Боно, Еџ и Шон Пен се појавија на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал со украински војници

May 19, 2025
Фото: Х на Володимир Зеленски

Зеленски му подари на папата Лав XIV икона насликана на фрагмент од сандак за муниција донесена од Изјум

May 19, 2025

Од локални решенија до регионално влијание: Недела на циркуларна економија 2025

May 19, 2025

Каде затајува системот: Кој ги штити девојчињата од сексуални предатори?

May 19, 2025

Управниот суд ја поништи одлуката за избор на Елизабета Дуковска за уставен судија

May 19, 2025

Повторно параноја за населување на „илјадници мигранти од Англија“, Мицкоски демантира дека ќе се градат мигрантски кампови

May 19, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Ништо ново во Косово; Економски последици од неконституирањето на косовското собрание; Албанската влада издаде осум препораки за борба против криминалот

May 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Магнетизам

September 14, 2022 11:51
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Светот од секогаш е во процес составен од превирања и кратки периоди на некаква смиреност. И тоа е само гледање, што зависи од местото на кое е согледувачот на светските движења и ширината на неговиот видик. Случувањата на некој друг крај на пленетата доскоро беа само вест од втората страница на весниците. Денес тоа веќе не така, зошто половина век на глобализација и поврзување го направија модерниот свет како садови кои се поврзани функционално меѓу себе. Некако во последно време на памет му паѓаат одамна учените постулати на научниот социјализам. Империјализмот како последен стадиум на капитализмот, постарите се сеќаваат на долгите лекции од задолжителниот предмет во средно обзование. Тешко дека посуштествено разбиравме од тоа што го читавме но сега кога сме натоварени од либералистичките идеи кои ги изневерија очекувањата, не е на одмет да се препрочитаат старите лекции.

Кога капиталот ќе стане мултинационален и ќе се олицетворува во компании чии интерес за профит е целиот свет, тие ќе го наметнат својот интерес кој нема да биде секогаш и интерес на државите кои се засноваат на сувереренитет кој извира од народите кои ги сочинуваат. Тогаш империјалијалните интереси како посебна идеологија на владечките слоеви, најчесто врзани со финансискиот капитал, преку пропаганда тоа сфаќање на општествените односи го прават преовладувачка идеологија и кај граѓаните и народите на империјата. Таков пример имаме денес кога некој претставник на големите сили ќе дефинира политика како национален интерес на неговата држава, иако тој интерес е територијално далеку од неговата држава а и од интересот на мнозинството негови граѓани, кои таквата политика ја оправдуваат опиени од империјални чувства. Мерилата според кој ги формулираат политиките е соодносот со другите големи сили а не интересите на државата и граѓаните каде тие интереси се вкрстуваат. Таа држава и тие граѓани се само полигон за одмерување на интересите на империите. На Балканот ние имаме и свое сфаќање на империјализмот што за некој народи е идентитет иако во суштина тој е локал империјализам. Од таму и соновите за големи држави кои се зголемуваат за сметка на соседите. И овде магнетизмот на соработката станува императив пред опасноста од исчезнување од силата на економскиот или политичкиот светски империјализам.

Ништо ново и покрај многуте идеологии што постојат од почетокот на организираниот живот на човечкиот род. Да се има повеќе треба да се земе од некого кој со тоа ќе има помалку. Се останатото е само различни методи на постигнување на таа цел.

И зошто со толкав вовед на безпотребно мудрување ве давам почитувани?

Затоа што сметам дека во вакви времиња кога големите си ги остваруваат своите интереси, ние малите народи и држави мора да се прилагодиме на правилата кои други ги поставуваат, а сепак што е можно повеќе да си ги вградиме своите интереси. Лесно е да се напише, но исклучително тешко е да се реализира таква политика. Постојаното посочување на неправедноста на ваквите состојби кон нас, нема да ни помогне. Сплотувањето кон предизвикот е она што може да ни помогне да опстанеме. Опстанокот најчесто е императив на малите народи и нивните држави. Империите имаат во својата суштина, потреба од ширење и ставање во своите рамки на што е можно повеќе такви мали народи и држави. Овде идеолошките објаснувања се само период од константната политика на задоволување на потребите на имеријата. Тогаш кога империјата ќе престане да го шири своето влијание влегува во стагнација и постепено пропаѓање до нејзина фрагментација. И после се одново со некоја нова идеја и идеологија и нов тип на владетели. Еклатантен пример е војната во Украина која или ќе го потврди импријалниот карактер на Русија стар повеќе од триста години или таа ќе се претвори во регионална сила (како пред Романови) која ќе чека некоја нова историска шанса да се врати на светската сцена, поминувајки низ турболенции.

Е каде сме ние, заглавени во меѓусебните непринципиелни делби? Таму каде што заслужуваме според цените на меѓународниот политички пазар. Дефинирањето на државните интереси зависи од лидерството на политичките партии кои тоа го разбираат како наметнување на партиските интереси над сите граѓани. Овде разликите меѓу партиите се мали и го отсликуваат политичкото ниво на граѓаните без разлика на националност, а тоа не ѐ на високо демократско ниво.

Лидерите многу често се служат со постапки кои ги нарекуваат „расчистување на состојбите“ што е внатре партиска кадровска борба за позиција. Многу често таквите постапки не се засновуваат врз пропишаните партиски процедури а ретко кога врз демократски принципи. Водствата на партите се како изолирани острови кои не се стремат кон привлекување со што е можно поголем круг на луѓе и комуницирање со политичките противници туку се гаѓаат со далекуметна артилерија во современи средстава на ПР и други системи на манипулација. При тоа не е намерата да се победи противникот туку ако е можно да се уништи до крај. Лидерите мора да поседуваат магнетизам да привлечат поголем број подржувачи но и да градат мостови кон сличните острови и островчиња за да се постигне општествен консензус за најбитните прашања. Инаку колку и да се големи островите сепак се излолирана маса.

Примери за тоа можам да ви образложам од целиот минат век и од овие дваестина години од сегашниот. Тоа ќе го прават историчарите без или со историска дистанца на случувањата.

Што е она што според мене е потребно. Прво позитивистичка мисла за идните постапки без оправдување на почетните позиции со катастрофичноста на состојбите за кои е крива спротивната страна. Иако е веќе врежано мислењето меѓу разните аналитичари дека тоа е суштината на демократијата за среќа таа тоа не е. Празната реторика без одговорност за предложените политики е според нашето разбирање на политичката борба, која дава резултати од кои не сме задоволни како граѓани. Или народот вели „тоа бачило такво сирење дава“. Дојде време место разни метли со кои сѐ чисти партискиот двор да се премине на одговорност на лидерството како точка на привлекување. Дали ќе ја крстиме таа точка како мегнетен центар или со некое по архаично име, многу не ја менува суштината. Лидерството мора да прокламира политики и цели кон кој ќе се собираат граѓаните, а не само партиските членови најчесто од клиентилистички намери. Ако таквите политики се прифатливи за мнозинството граѓани, полесна е нивната реализација. Знам дека не секогаш е мнозинството во право, зошто најспособните секогаш се индивидуалци но затоа напишав дека тие идеи мора да се во рамки на усвоените државни интереси од најширок партиски спектар.

Мислата дека на опозицијата и ѐ дозволено дури и да претерува во критикувањето важи за поголеми држави каде стабилноста на нацијата не може да се доведе во прашање. Кај нас, каде добар дел сограѓани и лично се познаваме таквото претерување е одраз на несигурност во политиките кои утре треба да се спроведат доколку се дојде на власт. Најчесто е однапред оправдување за нереализација на ветеното пред гласачите.

Позицијата не ѐ владетел кој поседува се во државата. Таа е само одраз на мислењето и расположението на граѓаните на последните избори. Ако не ја уважава опозицијата тогаш не ги почитува ниту граѓаните кои не гласале за неа. Нема реализација на нејзините политики и проекти ако нема доверба во половина или повеќето од граѓаните.

Сето ова на мнозина им е познато а сепак по некоја навика се однесуваме според инерцијата научена во деведесетите години. Еден лидер постојано во политичката спротивставеност употребува термини како, битка, судир, борба, војна и слични војнички појмови. Граѓаните имаат впечаток дека причината за постоењето на партиите е само во нивната постојана меѓусебна борба за користење на буџетските средства и тоа во нивна корист. Поточно во корист на партиските врхушки.

Добивам совети дека ова и не треба да го пишувам зошто тоа никого не го интересира. Велат помина времето на мудри идеи и идеологии. Сега е време на „снаоѓање“, свест за заедничко не постоела и секој гледа за себе. Тогаш, империјализмот навистина е последниот стадиум. Сите сме поединци без чувство за некаква подлабока поврзаност и сме само дел од структурите на компаниите кои постојат само за поголеми профити на сопственичката и управувачката структура.

Ќе завршам со она што ни го препорачуваат докторите при дефинирањето на дијагнозата. „Мораш да рамислуваш позитивно за да ја победиш болеста“. Ова изгледа ќе биде најскапиот лек што може да му помогне на мојот народ. Позитивното размислување кај најголем дел од граѓаните е исчезнато. Делумно и со нивна вина зошто личното го ставаат пред заедничкото. Остана она „снајди се“. Снајдувањето на крајот се сведе на заминување на младите, а постарите се сведоци на своите заблуди.

Ова мое писание и нема некоја вредност ама за почеток не шкоди ако се прочита. Барем како почеток за неопходноста од магнетизмот на добрата мисла.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љупчо Георгиевски, претседател на ВМРО НП (Фотографија: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

    Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Влатко Ѓорчев сега не го интересира изгор цената на црешите, важно краставиците да се евтини

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Ахмедин Шкријељ, СДА Санџак, Србија: Ниту една пропаганда не може да го избрише фактот дека имаше геноцид во Сребреница

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Група британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ и промена на политиката кон Србија

    86 shares
    Share 34 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ