• Latest

Николовски: Само здружени може да се спротивставиме на економската криза и да обезбедиме доволно храна за сите

September 20, 2022

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Николовски: Само здружени може да се спротивставиме на економската криза и да обезбедиме доволно храна за сите

September 20, 2022 20:53
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Иницијативата „Отворен Балкан“ е најдобар пример за поддршка во насока на взаемна помош и непречена трговска размена со храна и производи, без граници и без ограничувања, бидејќи само здружени ќе имаме моќ да се спротивставиме на економската криза и да обезбедиме доволно храна за сите, истакна денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во своето обраќање на македонскиот штанд на Меѓународниот саем за земјоделство, лов, риболов и екологија „Интерагро 2022“, кој во наредниве три дена се одржува во Бјељина.

Поборник сум за „Отворен Балкан“ затоа што преку практични примери покажавме дека производите од Охрид и Гевгелија многу побрзо можат да се најдат на штандовите во Белград и Нови Сад, отколку нашето патување од Скопје до Белград. Компаниите се задоволни затоа што се олеснети условите, постои зелена лента на граничните премини, поедноставени процедури и взаемно признавање на сите лабораториски анализи и фитосертификати, истакна Николовски.

Според него, тоа значи дека протокот на стока и на производи се одвива непречено, но што е уште подобро со договорот за обезбедување на храна меѓу трите земји членки на „Отворен Балкан“ се овозможува тоа што го немаме ние како земја, да го обезбедиме од другите две земји членки и обратно тоа што ние го имаме повеќе да го предадеме кај нив.

Во моментов работи веќе комисијата која прави проценка на складишните капацитети во трите земји членки и тоа пред се за стратешките производи. Преку „Отворен Балкан“ до нашите граѓани праќаме порака на сигурност дека доволно храна ќе има за сите граѓани, токму затоа убаво е сите земји во регионот да се приклучат кон оваа иницијатива која што е економска и ја подобрува трговската размена, иницијатива која ги руши бариерите и која го подобрува животот на сите граѓани, истакна министерот Николовски.

Честитајќи им на домаќините на Саемот за ентузијазмот, професионалноста и посветеноста со која е градена оваа саемска манифестација, Николовски оцени дека да се одржи континуитет од 20 години во услови на многу предизвици и немирни времиња, е навистина голем успех.

Како што соопшти МЗШВ, Република Северна Македонија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство имаат чест да бидат земја партнер на Меѓународниот саем „Интерагро 2022“, токму на неговото 20-то јубилејно саемско претставување.

Карактеристиките на топлиот Балкан и сончевите денови на нашата земја, преточени во единствени вкусови и традиција, беа претставени на нашиот македонски штанд пред претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ, дегустирајќи го убавото македонско вино и традиционални производи, се наведува во соопштението.

Во текот на трите саемски дена, на површина од 130 квадратни метри ќе се претстават 13 македонски компании кои ќе бидат во друштво со над 300 излагачи од сите земји од регионов.

Глобалната криза за храна, климатските промени, економските турбуленции кои се случуваат на светско ниво, колку и да се непријатни сепак имаат барем еден мотивирачки аспект, а тоа е здружувањето и заемната поддршка кои водат кон заеднички успех. Ваквите меѓународни саеми на еден суптилен начин придонесуваат да се изградат нови пријателства и бизнис релации, со што сите заедно полесно ќе ја надминеме кризата, додаваат од МЗШВ.

Покрај македонската делегација на овогодишното саем „Интерагро 2022“ присуствуваа и министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина, Сташа Кошарац и министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство на Србија и на Република Српска, Бранислав Недимовиќ и Борис Пашалиќ, што беше уште една можност за меѓусебна размена на мислења и продлабочување на меѓусебната соработка меѓу државите.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ