• Latest

Дејвид Гир: Процесот на скрининг се одвива позитивно

September 21, 2022
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дејвид Гир: Процесот на скрининг се одвива позитивно

September 21, 2022 12:08
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Процесот на скринингот што започна на 15 септември со Европската комисија, се одвива позитивно со голем ангажман од делегацијата на Република Северна Македонија и тоа е долг процес кој бара вклученост од сите министерства, изјави денеска шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир.

– Процесот на скрининг започна на 15 септември. Има голема делегација од Република Северна Македонија, која е во Брисел. Се разбира дека тој процес почна од страна на Европската комисија со објаснувања во врска со стандардите и барањата коишто вашата земја треба да ги исполни се со цел да стане земја членка на ЕУ, така што се оди позитивно. Навистина има голем ангажман и голема вклученост од делегацијата на Република Северна Македонија, изјави Гир во Тетово каде присуствуваше на започнувањето на проектот финансиран од Европската Унија „Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и CITES“.

Евроамбасадорот оцени дела постои огромно партнерство во текот на скринингот, но нагласи тоа е долг процес кој изискува голема работа и голем ангажман од страна на сите министерства од вашата земја, така што наскоро ќе дојде и времето кога и Министерството за животна средина и просторно планирање, исто така ќе треба да се вклучи во него.

Тој појасни дека скринингот почнува со т.н. „Темели“ или „Основните вредности“ на ЕУ, коишто ги покриваат владеењето на правото, доброто владеење, реформите во јавната администрација и менаџирањето со јавните финансии.

– Под овој скрининг процес се вклучени сите други сфери затоа што зборуваме за 33 поглавја за коишто треба да се преговара. значи, практично зборуваме виртуелно за сите поглавја коишто се поврзани со зачленувањето на вашата земја, додаде евроамбасадорот.

Скринингот ќе се состои од две подфази, односно процеси. Едниот е објаснувачки скрининг на кој Европската Комисија ќе направи ажурирање на релевантното право на ЕУ со оглед на тоа што се поминати неколку години од одржувањето на првичните објаснувачки состаноци, а истовремено на овој ќе тече и процесот на билатерален скрининг. Преку билатералниот процес земјата ќе треба да го презентира степенот на усогласеност со правото на ЕУ и плановите за понатамошно усогласување, градење на институционалните и административните капацитети, како и потребните човечки, финансиски и ИТ ресурси за спроведување на европските стандарди. Процесите ќе се спроведуваат согласно новата Методологија на ниво на кластери, во период кој би траел најмалку една година.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    239 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    172 shares
    Share 69 Tweet 43
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ