• Latest

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ е против сите стратешки одлуки на земјата, меѓу ова и претходното раководство нема никаква разлика

September 25, 2022
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ е против сите стратешки одлуки на земјата, меѓу ова и претходното раководство нема никаква разлика

September 25, 2022 18:51
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ВМРО-ДПМНЕ е против сите стратешки одлуки кои што земјата ги има донесено од своето осамостојување до денес, вели во интервју за националната телевизија МТВ претседателот на СДСМ и премиер на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски.

ВМРО-ДПМНЕ е против сите стратешки одлуки кои што земјата ги има донесено од своето осамостојување до денес. Значи ако се навратиме на зачленувањето во НАТО, Преспанскиот договор, ако се навратиме на склучувањето на Договорот за добрососедство, на преговарачката рамка, секогаш ВМРО-ДПМНЕ е против. Меѓутоа не гласаа против, тие секогаш ја напуштаат Собраниската сала. А потоа се затскриваат зад граѓаните со барање на одредени иницијативи, референдуми итн., истакна Ковачевски.

Тој додаде дека „дури 17 години чекавме почеток на преговори со ЕУ, а цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ беше власт“.

Ако се навратиме назад ние ќе видиме дека 17 години сме чекале за отпочнување на преговорите со ЕУ. Меѓутоа во тие 17 години, 11 години на власт беше ВМРО-ДПМНЕ. Проблемот е што ВМРО-ДПМНЕ и политиката која што ја водеше тоа раководство, а која што политика е пресликана во ова раководство. Јас не повлекувам знак на еднаквост меѓу раководство на политичка партија и целото членство. Тоа е политика на дисконтинуитет на државата. Значи вие ако ја погледнете политиката која што ја водел претседателот Глигоров, која што ја водел премиерот Кљусев, која што ја водел претседателот Црвенковски, премиерот Георгиевски, претседателот Трајковски и ако ја споредите со политиката на 11-те години на Груевски и на Иванов, тогаш ќе видите јасна разлика, потенцира Ковачевски.

Премиерот Ковачевски во интервјуто јасно посочува на политиките на интеграција и добрососедски односи и носењето на лидерски одлуки од една страна и деструктивните 11 годишни политики на ВМРО-ДПМНЕ и правење се да не се случи членство во НАТО и ЕУ.

Првите беа политики на интеграција, политики на добрососедски односи, политики на напредување на Северна Македонија, односно на Република Македонија во тоа време, во евроатланските интеграции и во НАТО интеграциите. Политиката од 11 години на ВМРО-ДПМНЕ беше декларативно за зачленување во НАТО и ЕУ и правење се тоа да не се случи, наведува премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за националната телевизија.

Според него, „проблемот на ВМРО-ДПМНЕ е што политиката на поранешното раководство е пресликана во политиката на актуелното раководство и нема никаква промена во оваа партија“.

Нема никаква разлика, затоа што ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ е само наследство на претходното раководство. Тоа се советниците во кабинетот на поранешниот претседател или претседател на Влада. Исто декларативно се за НАТО и ЕУ, а од друга страна прават се да ги нарушат и внатрешните односи во државата, односно етничките, што можевме да го видиме на протестите при гласањето на Европскиот предлог за отпочнување на преговорите со ЕУ. Исто така е и денес. Прво преку поставувањето на антиуставно прашање за референдум. И второ поддршка на една политичка партија Левица која што има отворена соработка со политички партии од Руската Федерација и која што отворено се залага против членство во НАТО и во ЕУ, вели македонскиот премиер и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Во интервјуто за МТВ Ковачевски ги повикува пратениците во македонското Собрание да делуваат одговорно и врз основа на мандатот кој им е доверен од граѓаните да носат одлуки кои ќе значат напредок на земјата.

Пратениците го претставуваат народот, тие не претставуваат политичко лидерство бидејќи народот им дава мандат на пратениците во Собранието, и затоа имаат обврска пред своите гласачи да носат одлуки кои што ќе значат просперитет на државата, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ