• Latest

Парламентарното собрание на Советот на Европа повикува на мерки за борба против исламофобијата во Европа

October 13, 2022

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Парламентарното собрание на Советот на Европа повикува на мерки за борба против исламофобијата во Европа

October 13, 2022 10:09
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) ја изрази својата длабока загриженост поради постојаното зголемување на манифестациите на исламофобија во Европа, што достигна високо ниво во последните години и повикува на мерки за борба против исламофобијата, јави дописникот на МИА од Стразбур,

Според усвоената резолуција, врз основа на извештајот на Момоду Малколм Џалоу (Шведска, ОЕЛ), антимуслиманскиот расизам се манифестира преку предрасуди, стигматизација, дискриминација (вклучувајќи профилирање), говор на омраза и исклучување на образованието, вработувањето и домувањето.

Во својата резолуција, ПССЕ го осуди исламофобниот говор во јавниот и политичкиот дискурс, направен од популистичките и екстремно десничарските движења, често зафатен од главните политички актери и ги осуди расистичките и исламофобични теории на заговор, особено т.н. теорија на „големата замена“.

Во овој контекст, ПССЕ ги повика земјите-членки да усвојат акциони планови насочени кон спречување и борба против исламофобијата или да обезбедат дека акционите планови против расизмот и дискриминацијата конкретно упатуваат на исламофобијата.

Законодавството и политиките за антитероризам мора да бидат доволно ограничени за да се спречи нивното користење на произволен и дискриминаторски начин, се подвлекува во усвоениот текст.

ПССЕ, исто така, ги охрабри политичарите да зборуваат против исламофобијата и сите други форми на нетолеранција, а политичките партии да ја потпишат Повелбата на европските политички партии за нерасистичко и инклузивно општество како што се повикува во нејзината Резолуција 2443 (2022).

На крајот од резолуцијата, ПССЕ ги повика земјите-членки да спроведат кампањи за подигање на свеста и информирање за пошироката јавност со цел да се пренесе пораката дека е одговорност на сите членови на општеството да се спречи и да се бори против исламофобијата.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ