• Latest

Конференција „Жените во надворешната политика“: Потребни се повеќе жени на лидерските позици за вистински просперитет во општеството

October 14, 2022

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
Фото: Фејсбук на Данела Арсовска

Условна казна затвор од две години за нападот врз Арсовска во Чаир, обвинетиот Нурадини покажа каење

October 31, 2025
Скриншот од видео на CBS News

Трамп го ограничи приемот на бегалци на рекордно ниско ниво – приоритет им даде на белите Јужноафриканци

October 31, 2025

По протестите со говор на омраза, Црна Гора воведе визи за турските државјани и построги имиграциски правила

October 31, 2025

Изборен молк: Период на тишина пред граѓанскиот избор

October 31, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Поранешен австралиски политичар осуден на повеќе од пет години затвор за сексуални злосторства

October 31, 2025

Притвор за тетовец кој се заканувал со убиство на жена и партиски функционери на Фејсбук

October 31, 2025

Во вториот круг од изборите право на глас имаат 1 013 375 граѓани, за гласање пријавени 4 826 болни

October 31, 2025
Фото; Скриншот од видео

Украинската Курска група на сили сè уште држи позиции на руска територија

October 31, 2025
Скриншот од видео на
Firstpost

Протести во Дар ес Салам по хаотичните избори во Танзанија, полицијата употреби солзавец и истрели, има убиени

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Конференција „Жените во надворешната политика“: Потребни се повеќе жени на лидерските позици за вистински просперитет во општеството

October 14, 2022 13:29
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Жените се моќни агенти на промените, а далекусежните придобивки од различностите и родовата еднаквост во лидерството и одлучувањето сè повеќе се препознаваат во сите сфери во општественото живеење. Потребно е да имаме повеќе жени на лидерските позиции, бидејќи единствен начин за постигнување на вистински просперитет во општеството е преку родовата еднаквост меѓу мажите и жените.

Ова беше посочено денеска на вториот ден од Втората меѓународна конференција „Жените во надворешната политика“, што ја организираше Министерството за надворешни работи, под покровителство на премиерот Димитар Ковачевски.

Според министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, соработката е прв чекор кон создавање на услови за унапредување на состојбите во која било сфера од нашето живеење.

– Јас сум силно убедена дека во овие сложени времиња, вложувањето во родовата еднаквост како и унапредувањето на женското лидерство, ќе придонесе кон одговорни инклузивни политики, кои ќе ги адресираат и решаваат проблемите и ќе го подигнат нивото на социјалната заштита, рече министерката во своето обраќање на конференцијата.

Таа додаде дека како земја кандидат за членството во Европската Унија, но и како активна членка на Советот на Европа, Северна Македонија ги дели заложбите за обезбедување соодветно ниво на социјална заштита, особено за најранливите групи граѓани.

– Ковид пандемија покрај опасноста врз здравствениот систем и здравјето на луѓето, донесе и зголемување на семејното и родово базираното насилство. Токму затоа, фокус ставаме на борбата против родово базираното насилство, како и семејното насилство, преку унапредување на механизмите за заштита и превенција. Насилството врз жените и семејното насилство не може да се смета за приватна работа, додаде Тренчевска.

Министерката потенцираше дека државата преку сеопфатни интегрирани политики одлучно се посветува на превенцијата и заштитата на жртвите на родово базирано насилство на жените и девојчиња.

– Свесни сме дека за да се избориме и да ги заштитиме сите, потребни се уште повеќе напори, но и партнерство и соработка, бидејќи ова не е само национален проблем, ова е глобален проблем. Жените се моќни агенти на промените, а далекусежните придобивки од различностите и родовата еднаквост во лидерството и одлучувањето се повеќе се препознаваат во сите сфери во општественото живеење, рече министерката.

Родовата еднаквост во државата, како што потенцираше таа, претставува законска обврска и е дел од програмата на Владата за периодот 2020/24 година.

Тренчевска информираше дека Северна Македонија е меѓу земјите кои имаат највисок процент на учество на жените на кандидатските изборни листи – 40 отсто, а се работи на постигнување 50 проценти.

Предизвик на кој што работат во моментов, како што додаде таа, е застапеноста на жените како градоначалнички и жените во извршната власт.

Таа потсети дека е донесена и Стратегија за родова еднаквост 2022/27 година и се подготвува акциски план со двегодишни приоритети.

Визијата на стратегијата, како што рече, е постигнување родова еднаквост во општеството, во кое жените и мажите, девојчињата и момчињата, имаат еднакви права, пристап до ресурси, можности и заштита во сите сфери на животот, како услов за целокупен и одржлив економски демографски социјален развој и напредок на земјата.

Првата дама Елизабета Ѓоргиевска во своето видео обраќање на конференцијата рече дека учеството на жените во политиката и безбедноста е препознаено како човеково право, неопходно за глобалниот напредок.

– Последните две децении беа одбележани во напорите да се подобрат нормативната работа и политиките за подобра еднаквост, што доведе до подобрување на положбата на жените и до унапредување на родовата еднаквост. Но, родовите нееднаквости и понатаму се изразени во сите релевантни области за постигнување еднаков социјален статус, влијание, благосостојба на жените и мажите, рече Ѓоргиевска.

Таа додаде дека покрај товарот од извршувањето на професионалните обврски, жените ги имаат и обврските во домот, а тоа е второто неплатено работно место што го има секоја жена.

– Кризата во Украина уште еднаш ни потврди дека жените и мажите се различно засегнати од конфликтите. Украинките жени се соочуваат со бариери во нивното економско, граѓанско и политичко учество, имаат лоши здравствени услови и се изложени на насилство. За да можеме да говориме за родова еднаквост, потребни се дополнителни чекори и мерки. За постигнување на родовата еднаквост, потребно е ефективно вградување на родовите перспективи во сите општествени текови, политики и практики, рече Ѓоргиевска.

Како што потенцираше таа, единствен начин за постигнување вистински просперитет во општеството е преку еднаквост меѓу мажите и жените во сите сфери на јавниот и приватниот живот.

Заменик министерката за надворешни работи Фатмире Исаки напомена дека мултилатерален систем е клучен за постигање на родова еднаквост и за намалување на јазот за женските права.

– Треба да ги употребиме мултилатералните организации, без разлика дали се регионални или глобални, како можност да направиме голема промена во промоцијата и спроведувањето на женските права на највисоко можно ниво, додаде Исаки на денешната конференција.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ