Агенција за млади спорт почна со изработка на Национална стратегија за млади 2023-2027, која има за цел подобрување на социекономската положба на младите и создавање на средина која ќе им овозможи на младите да ги остварат своите потреби и интереси.
Оваа стратегија ќе се изработува во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА).
Процесот ги вклучува државните институции, единиците на локална самоуправа, граѓански организации, меѓународната заедница и сите други засегнати страни за младински политики.
Директорот на Агенција за млади и спорт, Наумче Мојсовски на денешната прес-конференција по повод почетокот на изработката на националната стратегија, посочи дека целта е дефинирање на стратешките приоритети, како што се младинско учество, младинско информирање, младинска работа, образование, култура, здравје, претприемништво и поддршка при вработување, безбедноста.
-Агенцијата за млади и спорт како носител на активностите за креирање на национална стратегија за млади, низ инклузивен и транспарентен процес, заедно со младите, институциите, претставниците, службениците, младинските здруженија, организации и претставници на форуми за млади на локално ниво, ќе ги дефинираме стратешките приоритети во оваа област. Водечки принципи кои си применуваат во сите политики и активности, а се однесуваат на младите се еднаквост, недискриминација, учество, хоризонтален пристап, рече Мојсовски.
Тој додаде дека Агенцијата за млади и спорт како институција одговара за психо-физичкиот развој на младите, младинското организирање како и за политиките на млади во нашата држава. Исто така, посочи, Агенцијата вложува огромни напори во воспоставување на младинската инфраструктура, како и на овозможување услови за секој млад човек да може да се вклучи во процесите на носење одлуки.
-Владата покажа дека има демократски капацитет, остава и креира простор за младите и нивниот глас да допре до институциите, како и создавање конкретна мерка, активност и реформа која ќе ја унапреди положбата на младиот човек и неговиот стандард, додаде Мојсковски.
Според амбасадорот Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, младите луѓе се фундаментален дел од општеството и служат како агенти на промената како на локално, така и на национално ниво.


Напомена дека мисијата на ОБСЕ во Скопје работи за и со младите, во подрршка на националните и локалните власти за зајакнување на младинското учество и се ангажира за создавање можности за интегрирање на младинската перспектива во позицитите и дијалогот за носење на политики.
Ова, како што рече, се постигнува преку создавање ефективно младинско законодавство.
-Ние сме активни на ова поле, и во соработка со Агенцијата за млади и спорт работиме создавајќи младински политики за младинско ангажирање, соработка и дијалог, додаде амбасадорот Клеменс Која.












