На денешната пленарна седница на дневен ред се измените кои ги предлага опозицијата со кои се предвидува забрана за формирање правни субјекти со контроверзни имиња, а со нив се предвидува да бидат опфатени и веќе регистрираните бугарски клубови.
Пратеничката од редовите на СДСМ, Санела Шкријељ, денеска од Собранието изјави дека Законот за здруженија и фондации навистина бара ревидирање, бидејќи станува збор за Закон којшто е стар веќе десетина години.
Таа, одговарајќи на прашање дали на денешната пленарна седница ќе дадат поддршка на законските измени за овој закон предложени од ВМРО-ДПМНЕ, кажа дека ќе дадат поддршка и оти се согласуваат дека има потреба од носење на такви законски измени.
-Апсолутно го поддржуваме правото на слобода на здружување, но исто така мора да застанеме во одбрана на вредностите на кои се темели нашата држава, а тоа се антифашистичките вредности, така што секој предлог што е во таа насока ќе го поддржиме, изјави Шкријељ.
– Тоа значи да, поддршка, денес се утврдува потребата од носење на такви законски измени, а ние се согласуваме дека има потреба од носење на такви законски измени, рече Шкријељ.
Претходно премиерот Димитар Ковачевски упати јасен повик до пратениците од владејачката коалиција да дадат поддршка за измените кои ќе го спречат напливот на бугарски клубови со спорни имиња.












