• Latest
Војо Маневски

Обични идеали

October 18, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Обични идеали

October 18, 2022 09:43
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Зборовите се немоќни да ја објаснат содржината ако се само на куп некаде во човечкиот мозок, ама ако се стават во некаков ред според намерата на мислителот, тогаш можат да бидат со огромна сила што многу често човек не може да ја контролира.

Како ли настануваат идеалите? Кој ли ги реди според важност или големина? Задача за разните мислители што купот зборови го ставале во некаков ред, само ним знаен и разбирлив. А за чевлите со помал или поголем број од потребите на ногата и нејзиниот сопственик пишував минатата колумна. Да, да, за помалите чевли што за еден број ја стеснуваат душата и ја зголемуваат болката, за поголемите чевли што го сопираат одот и го доведуваат во опасност носот. Но едно заборавив почитувани, најголема болка и опасност е поголемиот број на чевли од времето кое го живееме. Тогаш секое движење е опасност и по носачот и по околината, тогаш е тесна и сопствената кожа. Најголема штета по човештвото направиле верувачите во големи идеи, а со слаби плеќи да ги носат. Нивните идеи и идеали се општонародна опасност за која ќе треба да смислиме нов концепт на одбрана и заштита заедно со цивилната компонента на одбранбениот механизам.

А кога скромните мисловни капацитети на вашиот колумнист се ставаат во некаков погон, низ главата ми се вртат разни идеи, ама се срамам да ги подведам под заеднички наслов – обични идеали. Знам, ќе речете дека тоа ништо не значи зошто ако нештото е обично не може да биде идеал, туку обична мисловна конструкција. А ете јас имам такви обични идеали. Не можам да си преставам сопствен идеал за да го спасувам мојот народ, неговата култура или некаков колективен мит. Немам таков  капацитет за толкави големи теми зошто претесно ми е времето за чевлите, кои се обидувам да ги носам. Не сакам да ми е идеал проценувањето на интелектуалната силина и способност на политичката елита на мојот народ, кога од тој народ не можам да најдам сопатник за обично неделно кафе. Гледам низ клисурата каде се начичкани куќите на мое Ново Село и само во два двора се издига чад од ќумбето на кое се печат пиперки за зимница. Само пред две децении во ова време од мала Богородица до Митровден воздухот беше заситен со чад од ќумбињата по дворовите, а постоеше и озбилна дилема во сабота или недела каде да сврати човек и во кој двор да седне на кафе и порција комшиски разговори. Некогаш и се правеа грешки, проценувајќи што во дворот се прави. Се намериш во нечии двор од каде се издига бел чад и си замислиш казан за домашна ракија и колбаси на свеж жар и кога влезеш во дворот затекнеш две лимени ќумбиња на кои се вртат пиперки, а веднаш до нив резервната дивизија домашни лица ги лупи и меле на машина. Признавам дека таква оперативна грешка може да ја промени и стратегијата за идната недела на барање комшиска дружба. Тактика и оператика со стратешки промашувања прави и еден Путин со неговите големи идеи, а што останало за еден обичен новоселец со обични идеи.

Обичен идеал почитувани, во време кога и покрај современите средства за комуникација се помалку се јавуваме едни на други и сѐ повеќе си пишуваме пораки. Бојата на гласот ни враќа сеќавања и ни прави престава за блискост која сме ја изгубиле, а затоа чувствуваме вина. Пораката е безлична и нема глас кој знае да биде обвинувачки или уште потешко рамнодушен   и за слушателот и за зборувачот. Ете еден таков обичен идеал ме презема кога се обидувам да направам некаков след од зборовите што животот ми ги натрупал во мозокот. Идеалот кога без најава и посебна причина ќе имам потреба да го посетам чичко ми, тетка ми или некој битен лик од мојот живот. Едноставно само да го посетам и видам, да промениме неколку сеќавања на минатото и се прашаме само и едноставно – како си?

Ете, можеби не е теоретски поткован идеалот, ама е според стеснатата душа и тесното време. Идеалот кога минуваш низ улиците некој со насмевка да те поздрави и не те прашува за состојбата во државата или во партијата. Не те гледа бело зошто ги заборавил очилата дома, а треба да прави нерамноправна трка со брзината на промената на цените во маркетите. И кој ни е крив кога идеалот ни беше огромни сали како во некогашните монополи што се наредени со разни производи, и бирај Македонче. Е сега, трчај меѓу тие рафтовите како да си Едвин Мозес и прескокнувај соседи и сограѓани да купиш поефтин зејтин или сирење. А ете мојот идеал е мал и скромен. Малечко маалско дуќанче каде пред да влезеш да се изнамуабетиш со соседите и сите новости ги складираш како во дневникот во седумнаесет часот. Пред да влезеш ги дознаеш сите промени на цените и точната локација на бараниот продукт. Со продавачот обавезно ќе размениш неколку домаќински реда и ќе прашаш кога ќе донесат поефтина тоалет хартија, и со зембиљот си тргнуваш кон дома. Свесно пропушташ да купиш сѐ што ти е наредено во списокот од дома за да имаш битна причина да се вратиш уште еднаш до гранапчето. Се разбира некаде во најблиската околина на таквиот објект меѓу гајбите со празни шишиња и кутии има дрвена клупа и доволно место за седнување или значајно стоење за да се испие едно пивце, само колку да тргне муабетот со истите такви пратеници од дома како тебе. Мал, мал идеал, ама некако човечки ми личи или грешам?

Барам, барам по Гугл да најдам некој идеал што ќе си го присвојам и ќе го раскажувам како општа вредност, ама ништо слично не можам да најдам. Некакви видеа за далечни луѓе и случки за кои немам никакви чувства, освен како содржина на телефонот што ги заменува идеалите кај младите генерации. Врескам по десет пати да и кажам нешто на ќерка ми што слуша нешто на слушалки и внесена во нејзиниот идеал на виртуелен свет, сервиран во глобалната мрежа. Не се разбираме зошто изгледа јас имам тесно време и обични идеали. Излегувам низ дворот, а пар гугутки се борат околу оревите што сѐ уште не паднале од големата крошна на дрвото. Еден орев директно ме погоди во главата и отскокна од неа. Го земав и го држев во рака пред да го ставам во џебот. Не го кршам зошто може да ме изненади неговата содржина, а и од неговиот удар не ми светна ништо во главата да направам некој голем идеал. Затоа нека си ја замислата за богатата јатка затворена во черупката, колку да ми се задржат во мислите обичните идеали тие сега се скриено богатство во овој свет на големи, а празни идеали.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ