• Latest

Фајон: Поддржувам земјата до 2030 година да стане полноправна членка на ЕУ, цел што е реална доколку сите државјани бидат на овој пат

October 18, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Фајон: Поддржувам земјата до 2030 година да стане полноправна членка на ЕУ, цел што е реална доколку сите државјани бидат на овој пат

Шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон денеска од Скопје со честитки до Владата и македонските граѓани за, како што рече, историски успех со отворањето на пристапните преговори за членство во Унијата.

October 18, 2022 12:54
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи денес оствари средба со заменичката на претседателот на Владата и министерка за надворешни работи на Република Словенија, Тања Фајон, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, информираат од МНР.

Во фокусот на разговорите беше членството на Северна Македонија во Европската Унија, започнувањето на преговорите и одвивањето на скрининг процесот, како и за конкретната помош што Словенија ја обезбедува со цел спроведување на неопходните реформи.

Шефицата на словенечката дипломатија денеска од Скопје упати честитки до Владата и македонските граѓани за, како што рече, историски успех со отворањето на пристапните преговори за членство во Унијата.

-Свесна сум дека ова беше болен и тежок пат и затоа на Северна Македонија останува да направи се за луѓето, да се започне овој тежок процес на реформи. Поддржувам земјата до 2030 година да стане полноправна членка, цел што е реална, доколку сите државјани бидат на овој пат. Ние ќе ве поддржиме, важно е да бидеме свесни дека се почнати пристапните преговори, изјави денеска Фајон на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Фајон порача дека ќе направат сè што треба со цел државата непречено да продолжи по овој пат и при тоа да не биде загрозен македонскиот јазик.

– Ваков доказ е скорешниот потпис на договорот со ФРОНТЕКС, каде што македонскиот јазик многу јасно ќе биде јазик што ќе биде приоритет. Ако направам компарација, и ние имавме болни искуства, моравме да донесеме тешки компромисни улоги но ја достигнавме целта. Ќе бидат потребни многу напори, секако Извештајот јасно кажа кои се тие проблематични точки каде што мораме повеќе да се концентрираме, истакна таа.

Фајон додаде дека повеќе од 40 отсто од законодавството на земјава е усогласено со европското, што покажува дека Северна Македонија ќе биде успешна на тој пат.

Османи нагласи дека средбата со Фајон ќе внесе нова динамика и нова содржина во односите и интересите на граѓаните од двете земји и додаде дека евроинтеграциите била една од темите на разговор.

– Една од темите на разговор беше почетокот на нашите евроинтеграции. Конечно влеговме во последната фаза пред членството, а тоа е почетокот на преговорите. Европската Комисија во Извештајот ги оцени преговорите како историски момент и тука ќе биде особено важно словенечкото искуство и поддршката во нашиот процес на преговори, истакна министерот Османи на денешната заедничка прес-конференција.

Шефот на дипломатијата информираше дека на средбата се говорело за почетокот на скринингот, резултатите од Извештајот на ЕК и надминување на политички прашања.

– Говоревме и за тоа како Словенија може да ни помогне, а побарав и поддршка во текот на целиот процес на преговори да се концентрира на реформите, а Словенија секогаш има недвосмислен став по однос на тоа прашање, дека овој процес треба да биде заснован на европските принципи и вредности, додаде Османи.

Двајцата говорници за време на средбата дискутирале и за членството на Северна Македонија во НАТО, како важен партнер што придонесува, особено во овие важни моменти на воените случувања во Украина.

– Во делот на билатералната соработка имавме многу разговори. Трендовите на трговската размена се позитивни. Поставивме цел, а тоа е 500 милионска евра трговска размена на годишно ниво со Словенија. Активирањето на бизнис клубот помеѓу словенечките и нашите компании ќе биде додатен поттик, вели Османи и додаде дека претставува особено задоволство што македонските компании придонесуваат со 30 милиони евра инвестиции.

Двајцата шефови на дипломатијата говореле и за претседавањето со ОБСЕ на Република Северна Македонија, околу подготовките и приоритетите во овие историски моменти.

– Во делот на поддршката во мултилатералните односи имаме добра традиција на меѓусебна поддршка во различни форми, додаде министерот Османи и заклучи дека средбата била плодна и успешна, во интерес на граѓаните од двете земји.

– Цела Европа е погодена поради војната во Украина, сите држави мораме да бидеме солидарни. Како што е тешко за македонскиот народ да се справи со високите цени, дали ќе имаат топол дом и дали ќе имаат да купат храна, така е и за словенечкиот народ. Дел од европскиот процес е и солидарност. ЕК ќе донесе одлука и ќе помогне, а дел од помошта ќе биде наменета за земјите од Западен Балкан, посочи Фајон.

Во однос на мултилатералните односи, вели дека има голема поддршка, бидејќи поради војната настојуваат да се задржи мирот и безбедноста, да не се загрози меѓународното право и мир. Додаде дека ставовите се идентични, и Северна Македонија одлично ги приспособи санкциите и осудата на војната во Украина.

Посочувајќи на овогодинешниот јубилеј – 30 години од воспоставувањето на дипломатски односи, беше потенцирано искреното и стабилно пријателство меѓу двете земји.

– Годинава празнуваме 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи. Република Северна Македонија е исклучително важна како инвестициска дестинација и е особено странски директни вложувања, рече Фајон.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ