• Latest

Омбудсманот со иницијатива казнената камата да не биде поголема од основниот долг

October 19, 2022

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Граѓаните бараат предвремени избори и конфискација на незаконски стекнат имот

August 25, 2025

ОЈО побара притвор за родителот што нападна двајца младински фудбалери на Брегалница

August 25, 2025
Фото: Wikimedia Commons

Франција го повика американскиот амбасадор Кушнер на разговор поради обвинувачкото писмо до Макрон за растечки антисемитизам

August 25, 2025
Скриншот од Youtube видео -ЛНОБТ

Украина и Литванија потпиша документ со намера за заедничко производство на одбранбени производи

August 25, 2025

Предвремените претседателски избори во Република Српска ќе бидат распишани најдоцна следната седмица

August 25, 2025

Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

August 25, 2025
Фотгорафија: Touch Of Light/Wikimedia

Пентагон: Војниците на Националната гарда на улиците на Вашингтон ќе почнат да носат оружје

August 25, 2025
Ерол Ризаов

Како да ги препознаете лагите

August 25, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Guardian

Четири новинари меѓу 15-те загинати во израелскиот напад врз болница, велат официјални лица од Газа

August 25, 2025

Њујок Тајмс: Дали Украина ќе се откаже од Донбас?

August 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Омбудсманот со иницијатива казнената камата да не биде поголема од основниот долг

October 19, 2022 18:37
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Со постојните закони со кои казнената камата може да биде повисока од главницата се нарушува егзистенцијата на граѓаните, а некои од нив запаѓаат во должничко ропство не можејќи да ги плаќаат сите средства од главницата и од каматата, изјави денеска на прес конференција народниот правобранител Насер Зибери.

Зибери најави дека до Владата ќе достави иницијатива за измени во Законот за облигациони односи и во Законот за извршување со кои би се предвидело казнената камата да не може да биде повисока од основниот долг.

Според законските измени што ги предлага Омбудсманот, се предлага казнената камата да престане да тече тогаш кога ќе ја достигне висината на главниот долг.

„Народниот правобранител смета неправилно граѓаните кои најчесто имаат статус на должници по основ на извршени основи како што се електрична енергија, топлинска енергија, вода, сметки на телефони, по вина на институциите се доведени во неповолна ситуација. Ваквиот проблем настана со имплементирање на одредбите од Законот за измени и дополнувања на Законот за извршување донесени во 2010 година, со кои се предвиде процес на трансфер на старите извршни предмети од судовите кај нотарите и извршителите кои го продолжија процесот на извршување. Станува збор за префрлени 400 илјади предмети, кои се чувале во судовите поради настанатиот законски и правен вакуум и евидентните недоследности во процедурата за наплата“рече тој.

Според Зибери, заради доследна гаранција на уставното начело на правна сигурност на граѓаните како составен дел од принципот на владеење на правото, во преодни и завршни одредби на овие закони да се уреди дека овие измени ќе важат и за постапките кои се во тек пред извршителите како поволно решение во споредба со сегашните.

„Зошто ги бараме овие измени? Имено, во 2020 година беа направени измени во Законот за извршување со кои беше прецизирана листата на категории на лица и примања кои се изземени од извршување, како што се примањата од правата и социјалната помош, социјална заштита, од правата на заштитата на децата итн., и беше ограничена висината на извршувањето од една третина на една петтина од плата или пензија, со што се испочитуваа и препораките на Народниот правобранител“потенцира Зибери.

Потребата од измени, Омбудсманот ја илустрираше со неколку примери во кои на граѓаните долгот им се наплатува со задршка од една третина или една петтина од нивните плати или пензии.

“Пример – извршувањето почнува во 2013 година, треба да се наплати камата од 2010 година. Се спроведува забрана на една третина од пензија. Главниот долг изнесува 371 367 денари до 2022 година кога странката се обраќа кај Народниот правобранител. За девет година наплатени се 885 138 денари од кои 783 628 денари се на име на камата на главниот долг, а за наплата остануваат уште 433 604 денари. Значи, за долг од 371 илјади се наплатува само камата 783 628 денари и истата продолжува да тече“ посочи Зибери.

Омбудсманот информира дека од претставките кои се однесуваат на постапките за извршување, најмногубројни се од делот на извршувањето, односно постапките пред извршителите, а кои главно се однесуваат на наплатата на казнената камата.

Омбудсманот се надева дека Владата и Собранието сериозно ќе ја разгледаат иницијатива и за брзо време да заживее во праксата.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ