• Latest

Пендаровски: Национална задача од прв ред е заштитата на критичната инфраструктура

October 20, 2022

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пендаровски: Национална задача од прв ред е заштитата на критичната инфраструктура

Размената на најдобри практики е најважниот сегмент, бидејќи државите во нашиот регион се наоѓаат во различни фази од процесот на изградба на сеопфатен систем за заштита на критичната инфраструктура

October 20, 2022 13:22
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе не се поставува прашањето дали ќе има нова криза, туку каква и со кој интензитет ќе биде следната. Во изминатите години се соочувавме со повеќе кризи кои сериозно го нарушија нормалното функционирање на општеството и државата. Затоа заштитата на критичната инфраструктура, во која спаѓаат сите физички и организациски процеси нужни за нормално функционирање на државата, се национална задача од прв ред.

Ова го изјави претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на конференцијата „Кон отпорност и заштита на критичната инфраструктура: Регионална размена“, во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“ – Канцеларија во Скопје, во соработка со Претседателскиот центар за политичко образование.

– Размената на најдобри практики е најважниот сегмент, бидејќи државите во нашиот регион се наоѓаат во различни фази од процесот на изградба на сеопфатен систем за заштита на критичната инфраструктура. Дел од нив имаат закони кои системски го уредуваат идентификувањето, односно дефинирањето и заштитата на критичната инфраструктура, при тоа, се разбира, имаат и повеќегодишно искуство во примената на законите, а дел, меѓу кои и Северна Македонија, се наоѓаат во фаза на изработка на својата легислатива, рече Пендаровски.

Тој истакна дека теоретскиот концепт за „општество на ризик“ од 80-те години на минатиот век, што се појави како реакција на нуклеарната хаварија во Чернобил, за жал, денес е реалност во која секојдневно живееме. Здравствената криза предизвикана од пандемијата на Ковид-19, додаде тој, ни покажа дека и болниците коишто вообичаено не се вбројуваат во институции од критичната инфраструктура од прв степен, можат да станат такви установи доколку кризната ситуација го налага тоа.

– Она што се случи по стивнувањето на пандемијата на најбрутален начин ни покажа колку е важно да бидеме подготвени да ги заштитиме објектите и системите од критична важност за функционирање на нашите држави и општества. Тука се реферирам на руската агресија врз Украина што во Европа повторно ја врати без малку заборавената агресивна војна од една држава кон друга, од историските архиви во реалноста. Сведоци сме како војната од конвенционален тип која Русија ја води против Украина е истовремено и хибридна војна против најголемиот дел од државите во Европа кои ја осудија руската агресија и кои активно ја помагаат Украина да го одбрани својот територијален интегритет и суверенитет. Нападите врз нуклеарните централи во Украина не само што го нарушуваат пазарот на електрична енергија, туку се реална опасност за предизвикување нуклеарни инциденти со несогледливи последици по животот на целиот континент. Диверзиите врз гасоводната инфраструктура дополнително ја влошуваат енергетската криза, а повеќемесечната блокада на главните пристаништа на Црното Море во Украина сериозно го нарушија глобалниот пазар на храна, оцени Пендаровски.

Претседателот на Републиката потсети дека повеќе години наназад сведочиме за хакерски напади врз клучните компјутерски системи на повеќе држави во регионот од државно спонзорирани поединци и групи и оти таквиот тип на војување во епохата на забрзана дигитализација доведува до парцијална или целосна парализа на транспортот, банкарскиот систем, здравствениот систем, како и до попречување на работата на многу други владини агенции кои се критични за редовното функционирање на државата.

– Ваквиот вид на, во суштина, државно спонзориран тероризам, во некои ситуации, може да нанесе штета поголема дури и од класичните воените напади, оцени шефот на државата.

Тој изрази задоволство дека во рамките на Министерството за одбрана веќе активно се работи на првиот Закон за критична инфраструктура во земјава.

– Сметам дека во процесот на изработка на законот, многу важно ќе биде настојувањето да се воспостави сеопфатен систем во кој ќе се избегне непотребното дуплирање на ресурсите, паралелизмот или преклопувањето во надлежностите, кое само по себе може да го закочи или направи системот инертен во критични моменти. Со оглед на степенот на влијание врз нормалното функционирање на сите витални потсистеми на државата, мислам дека е клучно да се започне со регулирањето на енергетиката и транспортот, а потоа, постепено да се регулираат и другите сфери. Притоа, да повторам, важно е да се регулираат и сферите кои не спаѓаат во традиционална сфера на критична инфраструктура, но, за кои искуството не научи дека во определен контекст можат да бидат, рече тој.

Пендаровски ја посочи и потребата од усогласување со европските стандарди во оваа област и усвојување најдобри европски практики.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ