• Latest

Спасовски од Берлин: Досега преку новите базни станици издадени вкупно 16.600 патни исправи за наши граѓани во странство

October 21, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Спасовски од Берлин: Досега преку новите базни станици издадени вкупно 16.600 патни исправи за наши граѓани во странство

Согласно новиот проект од страна на МВР обезбедени се и инсталирани вкупно 11 базни станици, и тоа во Њујорк, Венеција, Брисел, Стокхолм, Љубљана, Лондон, Берн, Виена, Бон, Берлин, и Минхен, како и 5 мобилни станици

October 21, 2022 14:31
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за време на работната посета во Берлин, Сојузна Република Германија, а по повод учество на Самитот на министрите за внатрешни работи во рамките на Берлинскиот процес за Западен Балкан, оствари средба со вршителот на работи во македонската Амбасада во Берлин, Сојузна Република Германија, Н.Е. Драган Петковски.

За време на средбата беше потенцирано дека поради големиот број наши граѓани кои живеат и работат во Сојузна Република Германија, од големо значење е базната станица за издавање на патни исправи во Берлин, која е дел од заедничкиот проект на Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи отпочнат на 01.10.2021 година, а во врска со поднесување барања за издавање на патни исправи преку дипломатско-конзуларните преставништва.

„Согласно новиот проект од страна на МВР обезбедени се и инсталирани вкупно 11 базни станици, и тоа во Њујорк, Венеција, Брисел, Стокхолм, Љубљана, Лондон, Берн, Виена, Бон, Берлин, и Минхен, како и 5 мобилни станици. Од самиот почеток на проектот заклучно со октомври 2022 година, вкупно се издадени 16.600 патни исправи преку ДКП-ата, а само во Берлин се издадени 1.800 патни исправи”, информираше министерот Спасовски.

Министерот Спасовски изрази задоволство што целокупниот процес – од поднесување на барање до изготвување на патните исправи трае од 15 до 30 дена.

„Ова е сериозно кратење на времетраењето на процедурите, ако се земе предвид дека досегашната постапка за издавање на пасоши просечно траеше од четири до пет месеци, со големи трошоци, а сега овозможуваме прием на барањата за патни исправи во дипломатско-конзуларните претставништва и нивно процесирање на дневна основа, со проверка на податоците во реално време”, истакна министерот Спасовски.

Министерот Спасовски потенцираше дека се намалени и гужвите на шалтерите на управните служби за време на летните месеци во Република Северна Македонија, бидејќи граѓаните истата услуга ја добиваат во конзулатите во државите во кои живеат.

„Ова е уште една потврда за остварената цел – МВР да биде вистински сервис за граѓаните, да овозможиме ефикасен и економичен одговор на нивните потреби”, подвлече министерот Спасовски, при што истакна дека Министерството за внатрешни работи продолжува и понатаму со грижата за нашите граѓани во странство, со ваквите конкретни заложби, паралелно со заложбите во насока на унапредување на традиционалното пријателство и партнерство помеѓу Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ