Премиерот Димитар Ковачевски заедно со владина делегација составена од вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за економија Крешник Бектеши, утре, на платото пред Владата, ќе ја пречека делегацијата предводена од претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лејен.
Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, утре, од Скопје ќе ја започне балканската турнеја која ќе биде посветена на енергетската криза. Целта на посетата на претседателката на ЕК на Западен Балкан во период на енергетска криза е да му се пренесе на регионот дека тој е важен за ЕУ. Еден дел од помошта во областа на енергетската криза, како што беше најавено, ќе биде вклучувањето на земјите од Западен Балкан за заедничко купување на енергенси со земјите од ЕУ
Поради нејзиното доаѓање, МВР за утре и задутре најави посебен сообраќаен режим и апелира граѓаните да ги почитуваат наредните од полицајците.












