• Latest

Агенцијата за вработување ја промовира мерката „Поддршка за креирање на нови работни места преку зелени инвестиции“

October 26, 2022
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Агенцијата за вработување ја промовира мерката „Поддршка за креирање на нови работни места преку зелени инвестиции“

October 26, 2022 12:36
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во просториите на Агенцијата за вработување на Северна Македонија (АВРСМ) денеска беше промовирана мерката „Поддршка за креирање на нови работни места преку зелени инвестиции“ од Оперативниот план за активни програми и мерки за 2022 година, кој се однесува на поддршка за креирање на нови работни места во делот на зелени инвестиции. Заинтересираните работодавачи за оваа мерка, која Агенцијата ја имплементира во соработка со Програмата за развој на ОН (УНДП), можат да аплицираат до 31 октомври 2022 година.

Компаниите ќе добиваат финансиска поддршка за нови вработувања од 205 илјади до 615 илјади денари, во зависност од одобрените вработувања, а поддршката се доделува во вид на грант, односно неповратни средства наменети за финансирање на нови деловни инвестиции насочени кон транзиција кон зелена економија во машини, алатки, опрема за обновливи извори на енергија и опрема и материјали за енергетска ефикасност.

Мерката „Поддршка за креирање на нови работни места преку зелени инвестиции“ треба да го поттикне создавањето нови вработувања и воедно го катализира процесот на зелена трансформација на приватниот сектор преку воведување на зелени производи и услуги, технологии или процеси во самите претпријатија.

Министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на промоцијата истакна дека радува фактот што секоја година буџетот за активните политики и мерки во Оперативниот план постојано се зголемува, а тоа ја потврдува и атрактивноста на мерките наменети за бизнис секторот и лицата кои со мерките се вклучени на пазарот на труд и преку обуки стануваат поконкурентни на пазарот на труд и ја остваруваат својата бизнис идеја.

– Мерката обезбедува и поддршка за стручни обуки за зелени вештини за претпријатијата корисници на финансиска поддршка и за сите други претпријатија заинтересирани да го поттикнат својот деловен развој преку зелени инвестиции. Дополнително, поддршката за стручни обуки за зелени вештини ќе биде овозможено и за невработените лица со цел да се олесни нивната транзиција кон вработување во области во кои што имаат потреба од такви вештини. Реализацијата на Оперативниот план за 2022 година достигна вкупно 75 проценти реализација за сите мерки вкупно, рече Тренчевска.

Според директор на Агенцијата за вработување Беким Мурати, целта на мерката е да се придонесе кон поттикнување на создавање нови работни места во процесот на трансформација на приватниот сектор кон зелена економија.

– Зелените работни места се оние занимања кои придонесуваат за заштита на животната средина, намалување на аерозагадувањето и справување со климатските промени, но кои во исто време обезбедуваат социјална еднаквост и инклузивност. Овие работни места во нашето поднебје имаат огромен потенцијал за обезбедат развој, пред се поради изобилието на сонце, плодна почва, недопрена природа и други предуслови, рече Мурати.

Тој нагласи дека според релевантните извештаи, до 2035 година се очекуваат во земјата да се отвораат неколку илјади зелени работни места, од кои најголем дел во секторот градежништво  и индустриите поврзани со градежните материјали.

– Зголеменото користење на обновливи извори на енергија за производство на електрична енергија, особено фотонапонските системи, ветер, биомаса, хидросистеми и постројки што користат гас од отпад, се очекува да отвораат повеќе од 500 работни места, додаде Мурати.

Заменичката на постојаниот претставничка на УНДП во земјава, Сања Бојаниќ потенцира дека во контекст на заздравувањето на пандемијата и справувањето со војната што доведе до енергетска криза, се поочигледна е потребата од севкупен ланец на снабдување со храна, а со тоа и потребата од зелено одржливо заздравување и зелена стратегија за финансирање, зелени финансиски инструменти, зелени механизми и мерки.

– Фокусот честопати е на самите трошоци, а секако зелената транзиција наложува промени и инвестиции. При тоа на самиот почеток ќе има и победници и губитници, но долгорочно ова ќе биде придобивка и за компаниите и за луѓето, како и придобивка за нашите деца. Конкретно, кога станува збор за Северна Македонија проценката е дека промената кон циркуларната економија ќе доведе до креирање на осум илјади нови зелени работни места, а со тоа и генерирање на 47 милиони евра за економијата до 2030 година, рече Бојаниќ.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ