• Latest

(Лажни) дојави за бомби – обид за ширење страв и паника кај граѓаните

October 27, 2022
Фото: Скриншот од видео на DW

Седуммина милитанти на Ал Шабаб облечени како војници упаднале во сомалиски затвор, владата тврди дека сите се убиени

October 5, 2025
Фото: Креирано со помпш на ВИ

Од Мароко до Мадагаскар, генерацијата Z го пренесува дигиталниот бунт на улица – каде сме ние?

October 5, 2025
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

(Лажни) дојави за бомби – обид за ширење страв и паника кај граѓаните

Вчерашната лажна дојава за бомба во осум училишта во Скопје е „темпирана“ за време на постета на претседателката на ЕК, Урсула Фон Дер Лајен, која со македонскиот премиер Димитар Ковачевски го потпишаа Договорот за Фронтекс на македонски јазик, без додавки, ѕвездички и фусноти. Исто така, Фон дер Лајен најави 80 милиони евра грант за Северна Македонија како итна помош за справување со енергетската криза.

October 27, 2022 16:25
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Нови закани за поставени бомби во девет скопски училишта, отако вчера имаше лажни дојави за бомба во осум училишта. Од МВР за ЦИВИЛ потврдија дека во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

„Денеска (27.10.2022) во СВР Скопје околу 14 часот е пријавено дека на меил адреси на девет училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

За една недела имаме две лажни дојави за бомба во Скопје. Првата лажна дојава беше на 19 октомври 2022 за поставена бомба во автобусите на ЈСП, сторителот веднаш беше приведен, додека другата лажна дојава е вчера (на 26 октомври 2022), дека е поставена бомба во осум училишта во Скопје.

Од МВР за ЦИВИЛ Медиа велат дека Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден ги направи сите потребни проверки во врска со пријавите дека осум училишта на територија на Скопје добиле мејл со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

„Сите училишта се на територија на Скопје. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. МВР презема мерки за расчистување на случајот и санкционирање на сторителот“, велат од МВР за ЦИВИЛ Медиа.

Од таму нагласија дека МВР е соодветно подготвено за справување со вакви и слични предизвици.

Во текот на вчерашниот ден, дел од медиумите објавија сензационалистички наслови од заканувачката порака која била испратена до училиштата. Медиумите кои ја објавија пораката со заканувачка содржина не го наведоа изворот кој им ја испрати пораката.

Вчера, првичните информации беа дека дојава за бомба стигнала до пет средни училишта во Скопје,  а потоа стигна информација дека лажна дојава имаше во осум училишта.

Утрово, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во интервју на Националната телевизија изјави дека никој не смее да дозволи да се игра со судбините на децата и додаде дека ова е сензитивна тема и без разлика кој го нарачува сето ова треба да има на ум дека не може да се игра со системот и со граѓаните на Република Северна Македонија.

„Вчера имавме дојава во 8 училишта за наводно поставени бомби. Секако дека овие згради беа детално проверени од Одделот за антитероризам и утврдивме дека станува збор за лажни пријави. Истрагата е во тек, ги знаеме првите податоци за тоа од каде се испратени тие меилови. Најважно е да успееме да ги откриеме сите ИП адреси од каде доаѓа овој, би рекол, монструозен чин, без разлика дали станува збор за хибриден напад врз Северна Македонија или политички игри, како една од претпоставките. Без разлика на што се однесува, никој не смее да дозволи да се игра со судбините на децата и на сите нас, ова е сензитивна тема и сметам дека без разлика кој го нарачува сето ова треба да има на ум дека не може да се игра со системот и со граѓаните на Република Северна Македонија”, истакна министерот Спасовски, додавајќи дека пред неколку дена се случи лажна дојава во ЈСП Скопје, а сега се случува во училиштата и ако станува збор за некаква политичка пресметка, таа не смее да се прави врз грбот на граѓаните.

Запрашан околу санкциите кон сторителите, министерот Спасовски повтори дека со оглед на фактот што во најмала рака станува збор монструозен чин, во кој се злоупотребени училиштата, имајќи ја предвид вознемиреноста на децата, родителите, но и граѓаните генерално, казните треба да бидат најстроги.

ЦИВИЛ Медиа ги праша граѓаните кој е нивниот став во врска со лажните дојави за бомби во средните училишта во Скопје и претходно во автобусите на ЈСП, и според нивните одговори се работи за политички игри.

„Претпоставувам дека е политичка игра. Кога слушнав за бомбите ми дојде идејата, зошто немаше некое училиште кајшто е мешана средина, натаму ми отиде паметот“, вели една граѓанка.

„Непријатно, непотребно и безобразно, да се вознемируваат деца со такви дојави, да се вознемирува јавноста, а во момент кога на друго место се случува вечерта еден убав настан. Не знам дали е побрзано, дали е со намера“, вели друга граѓанка.

Некој р′чка некои работи и политиките се вмешани тука, да се закача народот меѓусебе. И Македонците и Албанците со ова што треба да го отворат Уставот. Сè е врзано со политика“, вели еден граѓанин.

Пред една недела имаше дојава за лажна бомба во автобусите на ЈСП, а со вчерашните дојави за бомби во скопските средни училишта се отвори прашањето дали граѓаните се чувствуваат безбедно.

„Се надевам дека повеќето граѓани ќе се потрудат да бидат сите безбедни“, беше еден од одговорите.

„Повеќе е како предупредување, не мислам дека е случајно. Гледате не е само тоа, паѓаат и компјутерски системи, мислам дека ни претат. Знаете покорен народ е кога е исплашен“, смета една граѓанка.

Загриженост изразија и од Сојузот на средношколци, кои повикаа на зголемување на безбедноста во училиштата.

Вчерашната лажна дојава за бомба во осум училишта во Скопје е „темпирана“ за време на постета на претседателката на ЕК, Урсула Фон Дер Лајен, која со македонскиот премиер Димитар Ковачевски го потпишаа Договорот за Фронтекс на македонски јазик, без додавки, ѕвездички и фусноти. Исто така, Фон дер Лајен најави 80 милиони евра грант за Северна Македонија како итна помош за справување со енергетската криза.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    150 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ