„Претпоставувам дека е политичка игра. Кога слушнав за бомбите ми дојде идејата, зошто немаше некое училиште кајшто е мешана средина, натаму ми отиде паметот“, вели една граѓанска одговарајќи на анкетното прашање на ЦИВИЛ Медиа, дали граѓаните се запознаени со вчерашниот настан за лажните дојави за бомби во средни училишта во Скопје.
„Немој да ме сфатите погрешно, македонски телевизии не гледам, многу ми се морбидни. Нема ден да нема нешто. Ете велите дојави за бомби. Едноставно си гледам мојата работа и малку бегам од тие трауматични работи“, вели еден скопајнец.
„Непријатно, непотребно и безобразно, да се вознемируваат деца со такви дојави, да се вознемирува јавноста, а во момент кога на друго место се случува вечерта еден убав настан. Не знам дали е побрзано, дали е со намера“, вели друга граѓанка.
Некој р′чка некои работи и политиките се вмешани тука, да се закача народот меѓусебе. И Македонците и Албанците со ова што треба да го отворат Уставот. Сè е врзано со политика“, вели еден граѓанин.
Пред една недела имаше дојава за лажна бомба во автобусите на ЈСП, а со вчерашните дојави за бомби во скопските средни училишта се отвори прашањето дали граѓаните се чувствуваат безбедно.
„Се надевам дека повеќето граѓани ќе се потрудат да бидат сите безбедни“, беше еден од одговорите.
„Повеќе е како предупредување, не мислам дека е случајно. Гледате не е само тоа, паѓаат и компјутерски системи, мислам дека ни претат. Знаете покорен народ е кога е исплашен“, смета една граѓанка.
“Не се чувствувам. Имам внуци. Прво ме фати паника.
Б. Ј.
камера и монтажа: Ариан Мехмети












